Македонија доби покана за НАТО-Договорот за името останува клучен услов да стане триесета членка на Алијансата

Македонија доби покана под едно, но би станале дел од НАТО под друго име

ТОНСКО:Јенс Столтенберг-Генерален секретар на НАТО ја повикавме ФИРОМ да стане земја членка и тоа е добра можност ФИРОМ да стане членка под новото име ( Ова е тонско од пресот што се уште трае)

Случајот на Македонија ќе биде најспецифичниот при приемот на една земја во алијансата

На триесетиот јарбол пред седиштето на воениот сојуз во Брисел би се развеало знамето на Република Северна Македонија

Спроведувањето на договорот за името од Преспа е клучен услов за прием

До целосната имплементација ќе се преговара за политичките и воените критериуми

Крајот на септември или почетокот на октомври е резервиран за референдумот

Ако биде успешен до нова година треба да се имплементираат уставните измени

Во 2019 ќе следи потпишување на протоколот за членство и ратификација од 29 земји членки

Дури потоа Македонија би била примена како 30 членка на НАТО

ТОНСКО:Зоран Заев-Премиер на Република Македонија – Дочекавме уште еден голем ден. Ги оставривме заеднички стратешки цели, нашите заеднички сонови и надежи. Да профолжиме да чекориме со следната голема одлука кога заедно ќе можеме да кажеме да за нашата иднина да за македонската иднина. (31-50)

Владата најави прослава во сабота во 15 градови низ државата, додека опозицијата најавува нови протести

Македонија доби покана за НАТО-Договорот за името останува клучен услов да стане триесета членка на Алијансата

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.