Ова е прв пат што допирам слика во музеј. Многу ми значи што не мора некој да ми објаснува што има на сликата.
Николина Трајковска од Скопје е лице со оштетен вид
Никогаш досега во животот не допрела слика во музеј
Археолошкиот музеј со 10 тактилни слики го доближи домашното културно наследство до слепите лица и лицата со оштетен вид.
Јас можам сама да видам што има на сликата. Сликата е многу убава да ви кажам, точно идентично покажува како луѓето го користеле овој сад, оваа синија.
Сликите со Брајово писмо се дел од изложбениот простор на Археолошкиот музеј.
„Значи тоа е фолклорна слика, синија, која што е користена најверојатно во нашето минато. Има фолклорни елементи, на цвеќе, ливчиња има, значи тоа се садови кои што се користени – јас тука како што видов користени се во 19 век во османлискиот период.
Преку допир на релјефната површина на сликата, слепите лица и лицата со оштетен вид, можат да ги доловат експонатите
Бокалот Изник, Големата Мајка, вотивни релјефи, теракотна икона, накит од средновековен период и останати артефакти се дел од тактилните слики
Археолошкиот музеј е прв музеј во Скопје со тактилни слики и видеа на знаковен јазик
„Тактилните слики како и видеата на знаковен јазик кои што ги има за секоја од тактилните слики се дел од првиот реализиран чекор „ Пристапен музеј “ кој што е подджаан од Балканската музејска мрежа. Целта на тактилните слики и видеата на знаковен јазик се поголема инклузивност, значи зголемување на инклузивноста и пристапноста за лицата со попреченост.
Со скенирање на QR кодот, содржините од тактилните слики се пренесуваат до видеа на Јутјуб со аудио нарација и знаковен јазик, со што се достапни и за лицата со оштетен слух
Преку овој инклузивен пристап лицата со попречености можат да допрат до минатото на домашната историја.
Add comment