Жителите на Ченто мрднаа со прст

Жителите на Ченто мрднаа со прст
Сами го чистеа сметот околу зградите на последна 45-ка
Проблемот го пријавил граѓанин преку иницијативата „Мрдни со прст“
Пред месец дена притиснав на нивното копче за да го пријавам проблемот во населба Ченто со кој се соочуваме секојдневно веќе подолго време а тоа е голем смет, депонија, градежен шут. Најмногу ни е потребна овде во нашата населба едукација, иницијатива и на крај можеби санкција за граѓаните што не ја почитуваат хигиената и каде да се фрла отпадот. Анета Наумова, жител на Ченто
Најмладите беа пример и за повозрасните
Се средуваа парковите, се фрлаше сметот, а уметникот Драш црташе графити
Жителите упатија апел сите да мрднат со прст и да се освестат прво граѓаните, а потоа и властите
Би апелирала секој од нас да се запраша во каква средина сака да живее затоа што чистата животна средина не е за другите, не е за никој друг освен за самите себе. Затоа треба да се запрашаме дали тоа ќе ни го направи животот поубав и да се запрашаме што можеме ние да сториме за животната средина, а не да очекуваме други да сторат за нас. Ако има поголема иницијатива од граѓаните сепак општинските власти ќе се запрашаат дали подобро треба да си ја вршат работата Анета Наумова, жител на Ченто

Жителите на Ченто мрднаа со прст

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.