Моторџии

Тони и Силвана од Скопје ги гушнаа Европа, Азија и Австралија
Нивната авантура со мотор траеше повеќе од десет месеци возејќи 42.000 километри
Ја претставија Македонија пред светот и одблизу запознаа други култури
Најубавите искуства им се врзани со нашинците во Австралија од кои добиле голема помош
Тони (61) вози мотор од 14 години, и успешно ги комбинира возењето во живописни предели и илјадниците километри
Со Силвана возеа и по 1.000 километри во еден ден, но и 40 километри за десет часа во Непал
За среќа без ниту една посериозна незгода
Тоа беше може да замислите кој хаос кој ужас од лош пат од фреквенција на возила кои 90 проценти беа камиони автобуси. И сето тоа се одвиваше по еден планински дел каде што кога претходно поминале монсуните однеле добар дел од тие патишта.
Користеле брод или авион само онаму каде физички било невозможно да се помине со мотор и во држави кои не дозволуваат таков туризам
Спиеле по хостели, бензински пумпи, џамии и полициски станици
Силвана не била љубител на мотори, но откако видела дека не може да ги смени навиките нејзиниот сопруг му се придружила
Сега ужива во патувањата со еднаква желба за нови авантури
Индонезија има многу убава природа, Непал, Грузија. Скоро секаде има убави природи убави пејсажи. Ние навлегувавме буквално во сите мали населени места во села по секакви патчиња и патишта и навистина имаше преубава природа.
Идејата на проектот „Гушни го светот“ беше со мотоцикл со македонско знаме да ги поминат сите континенти
Финансиите беа причината заради која патувањето за Африка и Америка го одложија за следната годинa

Моторџии

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.