Монтесори

Александра Гаралоска од Прилеп во образованието на децата од 3 до 6 години го применува методот Монтесори

Искуствата од долгогодишната работа во Англија реши да ги пренесе во нејзината училница со помош на едукатори

Овој начин на воспитување и образование се темели на личниот интерес и афинитет на децата

Индивидуалните желби, темпото на развој и слободата на избор имаат предност пред колективната работа

Имаме тригодишно дете кое ги распознава сите букви, но имаме дете кое нема да знае ниту една буква. Тука не смееме да бидеме строги и да имаме предрасуди дека ова дете знае, а ова не знае. На детето што сака да учи букви да му дадеме уште повеќе информации за буквите. На детето што е заинтересирано за трчање ние ќе го однесеме на игралиште и ќе му покажеме како да ја истражува околината

Целта е да им го доближи на родителите и наставниците и да го смени начинот на размислување

Во училницата ќе се организираат работилници за воспитувачките од локалните градинки и пракса на студенти

Сакаме да направиме споредбени истражувања каде една група ќе има дадеме да работат со Монтесори материјалите, а друга група со традиционалните материјали и потоа да ги сакаме да ги споредиме резултатите и да ја видиме разликата меѓу Монтесори методот и традиционалното образование.

Педагошката техника го носи името по основоположникот, италијанскиот психолог, доктор и едукатор Марија Монтесори

Методот Монтесори во западните држави станува дел од образовниот систем

Монтесори

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.