Младински камп

Средношколци од шест средни училишта низ Македонија во Охрид градеа мостови на соработка меѓу младите од различни етнички заедници

Учениците преку пораки за мир и еднаквост дебатираа на теми што ги засегаат младите

„Презентациите и темите за кои ни предаваат се многу интересни за нас, не инспирираат и не вклучуваат и нас за да се изразуваме што подобро.“

И учениците и наставниците се обидуваа да дадат идеи како да се подобри образовниот процес

Овие кампови мислам дека се многу важни за младите особено за учениците, бидејќи тука стекнуваат разни пријателства може да добијат разни размислувања и од другите училишта, особено за нас бидејќи ние доаѓаме од училиште кое се наоѓа во периферија, т.е. во село и мислам дека ова би било успех за нашите ученици и дека кампот ќе биде успешен.

Младинските кампови ги организира Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Учениците сакаат неформални настави, значи да научат да се едуцираат преку неформален аспект.

„Целокупната идеја е да им овозможиме простор на децата да сфатат дека она што не зближува сите нас се заедничките интереси а не нашата позадина од каде доаѓаме”.

Младински камп

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.