младите во македонија најдоцна го напуштаат родителскиот дом

Младите во Македонија во просек го напуштаат родителскиот дом на 32 години

Тоа е најдоцна во споредба со другите земји во Европа

Мажите, во просек, се одвојуваат од родителите на 35,7 години, жените на 27,5

Според социолозите, причините не се само финансиски туку и културолошки

Децата ги приврзуваат многу за семејството. Многу се грижат за нив без разлика дали се работи за богато или сиромашно семејство. На тоа децата за брзо време се навикнуваат и тие се чувствуваат на некој начин заштитени. Илија Ацевски – Социолог
Во голем број домаќинства под ист покрив живеат три генерации

Колку повеќе се чека толку е потешко да се напушти домот на родителите
Тука веќе на 30 години тие едноставно, ќе употребам еден збор, како „клиенти“ стануваат на своите родители. Колку порано детето се осамостои, толку ќе се бори за живот. Тоа не е заштитено, ги развива тие механизми за, условно кажано, преживување. Илија Ацевски – Социолог
Европскиот просек на иселување од родителскиот дом е на возраст од 26 години

Најрано се осамостојуваат Швеѓаните- на само 20 години

младите во македонија најдоцна го напуштаат родителскиот дом

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.