Мизар е „ѕвездата водилка“ која пред 37 години го покажа патот на алтернативната сцена кај нас

Бендот во 1981 го создадоа Горазд Чаповски, Ристо Вртев, Илија Стојановски, и Панта Џамбазоски
На почетокот нивните песни не поминаа во Радио Скопје, но влегоа во финалето на Југословенски рок момент
Мизар не е само музика. Мизар е борба внатрешна како личности, Мизар е политика, Мизар е една критика на општеството на тој конформизам, на тие стереотипи. Мизар е нешто повеќе од една рок група, Панта Џамбазовски (Мизар)
Извор: Извадок од филмот „Мизар – Ѕвезда на надежта“
Деби албумот „Мизар“ беше првиот Југословенски рок албум на македонски јазик

Тој е меѓу најдобрите 10 рок албуми издадени по распаѓањето на СФРЈ

Мизар претрпе големи промени, но, секојдневно музички го „будат и поздравуваат овој свет уште еднаш“

„Градот е нем
на моите прашања
градот е нем
на моите повици“

Мизар е „ѕвездата водилка“ која пред 37 години го покажа патот на алтернативната сцена кај нас

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.