На 90.000 работници им е зголемена минималната плата на 12.000 денари во септември
Владата се обврза дека 6 месеци целосно ќе ги покрива трошоците на фирмите
Од буџетот за 2017 за тоа беа планирани околу 6 милиони евра
Во септември и во октомври фирмите поднеле барања за финансиска помош за околу 17.000 работници
Од нив услови за надокнада за платите исполнети се за 13.200 вработени
Слабиот интрес за надокнада од работодавачите се објаснува и со ниската сума што би ја добиле како помош
Според УЈП, во август 100.000 работници имале плата помала од 12.000 денари
Во септември оваа бројката се намалила за 90%
И покрај законските измени, истиот месец 10.000 работници не ја добиле минимална плата од 12.000 денари
Add comment