Микробит

Осмооделенците Антонио и Петар од Прилеп се победници во натпревар во кодирање со џебен компјутер
Креираа систем за спречување и намалување на последиците од сообраќајни несреќи

„Нашата идеја дојде бидејќи во сообраќајот има многу жртви, нашиот проект е да ги спречиме да нема толку жртви и да нема верижни судири“,Петар Апостолоски, ООУ Блаже Конески Прилеп
Двајцата работеа на џебниот компјутер Микробит со кој создадоа Транспортен информационен систем

„Првин имавме идеја да направиме некој проект кој ќе може да намали жртви во сообраќајни незгоди. Транспортниот информационен систем потоа го работевме шест месеци од почетокот на октомври заклучно со вчера. Тој се состои од пет микробитови, т.е посебни микропроцесори коишто во нив имаат посебни сензори коишто потоа се префрлаат на аналогни индикатори кои ги користиме во нашиот проект.
Себеси се гледаат како идни информатичари кои придонесуваат за подобар и побезбеден свет

„Се надеваме дека еден ден ваква технологија ќе биде имплементирана во секое тешко товарно моторно возило“
Антониот и Петар се првонаградени во рамките на програмата „Училишта за 21 век за Западен Балкан“
Тригодишната програма е финансирана од Владата на Обединетото Кралство во износ од десет милиони британски фунти
Над еден милион деца од регионот на возраст од 10-15 години со помош на „микробитови“ критички ќе размислуваат, ќе решаваат проблеми и ќе учат кодирање

Микробит

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.