Михаил Арсовски

Студентот Михаил Арсовски сонува да стане македонскиот Тесла

Досега има пет иновации, а во процес на патентирање му е уредот за автоматско следење на сонцето и производство на електрична енергија

Вклучен е во креирањето на таканаречениот соларен парк, каде на еколошки начин ќе се добива електрична енергија

„Оваа иновација кај нас во земјата ќе се имплементира, веќе е дознаена локацијата каде ќе се постави тој уред. Тоа е во околината на Осломеј. Каде што со таа моја иновација, станува збор за паметен електронски уред, каде што сонцето, односно електричниот панел го следи Сонцето. Така што целиот ден е опфатен.“ Михаил Арсовски (иноватор)

Михаил е студент на ФЕИТ и член на Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија (НАИМ)

Дел од неговите иновации се наградени со златни, сребрени, бронзени медали, признанија и благодарници

„Кај нас, не се почитува зборот „иновација“, „иноватор“ што е. Направил некој уред, треба да се прикаже на некоја соодветна промоција. Така и ние иноваторите ги бараме начините, каде што секој иноватор треба да се истакна на свој начин, општеството да го знае.“ Михаил Арсовски (иноватор)

Михаил Арсовски

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.