КАРИЕРА ВО ВИДИ ВАКА

КАРИЕРА ВО ВИДИ ВАКА

Менаџер за продажба на дигитална содржина
(Digital Content Sales Manager)

За Види Вака Раскажувачко Студио

Види Вака Раскажувачко Студио осмислува, развива и продуцира раскажувачка содржина наменета за сите канали и публики. Ние креираме видеа, интерактивни приказни, раскажувачки стории базирани на визуелизирани податоци и други видови на збогатено дигитално искуство, кои им помагаат на компаниите и организациите да ја пренесат својата порака на најефикасен начин, најприемчив за публиката. Со тоа, тие ја зголемуваат својата препознатливост, градат подлабока лојалност, а нивните пораки имаат многу поголем ефект и влијание кај публиката.

Нашата компанија расте и се развива динамично, а во основата на нашиот развој се иновацијата, квалитетната испорака и умешноста да се најде заедничкиот интерес на клиентот и публиката. Нашиот тим е составен од креативни млади луѓе на заедничка мисија да бидат најдобри во тоа што го работат. 

Отоворени сме за сите кои се креативни и ореинтирани на решавање проблеми, подготвени да работат со тим на уредници, пишувачи, продуценти и маркетери на спојување на различни компоненти во една ефективна приказна. Ако сакаш да бидеш дел од компанија која е лидер во креирањето приказни за најновите дигитални медиуми и формати и ако сметаш дека можеш да одговориш на динамичните и креативни предизвици, а при тоа да донесеш нова вредност и енергија во нашиот тим, би сакале да те запознаеме.

Главни одговорности

Менаџерот за продажба на дигитални содржини е одговорен за продажба на содржини кои се дел од портфолиото на Види Вака Раскажувачко Студио на организации и компании. Негова примарна задача е обезбедување нови клиенти и проширување на продажните услуги кон постоечката мрежа на клиенти. Во тој процес тесно соработува со маркетинг тимот и тимот за развој на бизнисот, користејќи ги продажните можности изградени од нивна страна, но и активно работи на генерирање на сопствена база на потенцијални клиенти. Се грижи за целиот процес на продажба и продажни услуги, започнувајќи од првиот контакт, преку деталното евидентирање на потребите на клиентите, нивно пренесување на продукцискиот тим и координација на спроведувањето на активностите кои треба да резултираат со квалитетен краен продукт кој ќе се испорача на клиентот.

Клучни компетенции и искуство

Бараме агилна и комуникативна личност, која се одликува со висок степен на социјална интелигенција и емпатија. Личност со искуство во директна продажба и координација на продажни и услужни процеси. Пожелно е да има познавање од дигитален маркетинг и дигитални алатки кои ќе му бидат од помош во спроведувањето на активностите. Пожелно е да има искуство со невладин сектор бидејќи дел од клиентското портфолио се организации од овој сектор. Очекуваме личноста да има голема самоиницијативност и чувство за одговорност и исполнителност. Да биде аналитична и ориентирања на наоѓање решенија. Да биде комуникативна и способна да балансира помеѓу клиентот и тимот за продукција во интерес на сите страни. Да биде личност на која клиентот може да се потпре. Пожелно е да ги исполнува следниве услови:

  • Најмалку 3 години искуство во B2B продажба и директна комуникација со бизнис клиенти
  • Најмалку 2 години искуство со или во невладин сектор
  • Познавање на дигитален маркетинг (e-mail marketing, LinkedIn marketing, Lead Gen)
  • Одлично познавање на Microsoft Excel
  • Исклучително високо ниво на комуникациски способности, вербални и пишани

Лични карактеристики

  • Одговорност
  • Самоиницијативност и чуство за сопственост на проекти
  • Посветеност за наоѓање решенија
  • Високо ниво на информираност, одлични познавања од општа куллтура
  • Умее со луѓе и лесно се вклопува во тим

Твојата работа ќе ја сметаме за успешна ако:

  • Како плод на твојата работа видливо се зголеми бројот на нови клиенти и портфолиото на услуги кои ги користат тековните клиенти
  • Се оддржи и зголеми задоволството на клиентите од нивото на нашата услуга 
  • Ако нови клиенти ни пристапуваат самостојно, без ние да сме им пристапиле претходно

Што нудиме

  • Конкурентни примања
  • Приватно здравствено осигурување
  • Самостојност во работата и носењето одлуки
  • Простор за развој на сопствените идеи
  • Можност за редовна професионална надоградба преку посета и учество на интернационални настани

Како да аплицираш

Испрати ни твое CV или линк до твојот LinkedIn профил на darjan@localhost со назнака за позицијата за која аплицираш. Наместо мотивациско писмо, во самиот мејл напиши ни во неколку реченици зошто би сакал/а да бидеш дел од нашиот тим. Доколку твојот профил одговара на огласената позиција ќе те контактираме за првична средба.

Зошто би сакал да работиш во Види Вака

Посветени сме на креирање приказни кои прават разлика. Ги ставаме во фокусот на јавноста примерите кои мотивираат, но и проблемите кои треба да се адресираат. Хроничари сме, лично и професионално на нашата ера, активни двигатели на промените и сведоци на многу прекрасни исходи од нашите приказни преку кои нашата работа најдобро се валоризира.

Посветени сме на градење тим кој ќе биде најдобар во тоа што го работи на професионален план, но и емпатичен и ореинтиран кон заедничката цел – да направиме разлика кон подобро, разлика која почнува од самите нас.

Посветени сме на креирање работна средина базирана на поддршка, разбирање и чуство на лична и тимска сатисфакција.

Види Вака им дава смисла на информациите преку обезбедување фер, чесна и конзистентна содржина. Наша мисија е да ја информираме дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи.