Во Гостивар каратето е мост за меѓуетничка интеграција на младите.

„Ние сме Заншин Доџо, повелете да се дружиме!“
Спортот е мост за меѓуетничка интеграција на младите во Гостивар
70-тина членови од различна возраст и националност секој ден се дружат и тренираат карате
„Овде тренирам многу добро, многу сум задоволен. Со другарите кога излегувам надвор се гледаме, се поздравуваме и се дружиме, многу сум задоволен, очекувам што повеќе деца да дојдат тука за да се дружиме“, Халук Ќазими (каратист)
Најстариот Шотокан карате клуб ПОЛОГ во Гостивар има освоено преку 1000 медали и многу пехари
„Се викам Славица, 4 години сум член. Имам околу 100 медали освоено, од нив имам медали први места и имам 2 освоени пехари кои се само мои“, Славица Андриевска (каратист)
Неодамна од Лесковац се вратија со најмногу златни медали на меѓународен турнир
„Јас се викам Ерди Садики, тука вежбам 4 години, имам 5 медали од натпреварите на кои сум бил. Имаме многу добар тренер, многу убаво не тренира и со другарчињата си разговараме“, Ерди Садики (каратист)
Заштитен знак на гостиварските каратисти е тимската работа, толеранцијата, комуникацијата и меѓусебното почитување
Ние тука ги учиме децата да бидат од мали нозе спортисти, меѓутоа доста добро можеме од нив да научиме како треба да се дружиме, без никакви поделби по ниедна основа. Сенсеи Гоце Андриевски 4 дан
Спортскиот дух ги руши сите бариери и поделби во Гостивар

Во Гостивар каратето е мост за меѓуетничка интеграција на младите.

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.