Македонија, барем за еден ден, стана медена земја
Документарниот филм „Медена земја“ доби три награди на најголемиот независен филмски фестивал во САД, Санденс
Филмот на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска ја освои главната награда од жирито
Освои и специјална награда од жирито за влијание за промена и специјална награда за камера
Медена земја ја раскажува приказна за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа
Тимот кој стои зад документарецот ја искористи можноста да упати и апел до македонската влада
Нашата мала и многу загадена земја, многу сме желни да ја пренесеме оваа порака до македонските граѓани и Владата: „Ве молиме исчистете го воздухот во нашата земја, најзагадената земја во светот“Атанас Георгиев,продуцент на „Медена земја“
Add comment