Машко здравје кај Роми

„Година и пол чекам, ред, матичниот не може да ми издаде упат да одам на уролог. Не дека е крив мојот матичен. Има и црвено ливче ставено со мое има и презиме, прв момент да се добие слободно, нема. Ај, да не кажам пак, дали името е кочница, дали треба да се прекрстам?“ Берат Џемаил (пензионер)

Берат Џемаил (72) од Шуто Оризари речиси две години чека термин за преглед кај уролог

Поради недостигот на уролози во Македонија здравјето на мажите е во опасност

„Лично јас сум сега во години, каде таа наречена популарна машка болест, простата. Ни во 8-ми септември, ниту во Градска општа болница, како и да ја крстија, нема. Само правиме снимки, ехо, ваму таму. Ни ги даваат параметрите колку е проширено, што е, да отидеме до правото место, за да добиеме терапија… Еве, две години чекам.“ Берат Џемаил (пензионер)

На страната на „Мој термин“ во некои од градовите нема слободни термини за уролог во наредните три месеци

Машкото здравје сè уште е табу тема, особено кај ромското население

Жените почесто одат на гинеколог, а мажите ретко на уролог

8,1% од Ромките, за разлика од, 1% од мажите, изјавиле дека им биле дијагностицирани сексуално преносливи болести

Мажите имаат погрешна перцепција за своето здравје, дури 47% сметаат дека имаат добро здравје, наспроти 44,8% од жените

„Едно од основните причини, според моето согледување на работите е слабата едукација во семејството и од страна на општеството. А едно од основните поенти за здраво семејство треба прво таму да се обратат и после тоа да се испланира семејството. Тоа го нема во нашата популација.“ Берат Џемаил (пензионер)

Машко здравје кај Роми

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.