Марија Петреска

Креативните видеа на Марија Петреска даваат друга димензија на образовниот систем
Две години работи за „Immersive minds“, шкотска компанија која одржува курсеви, тренинзи, веб-конференции и обуки за наставници
Оваа компанија работи со големи клиенти од цел свет, нема преставништво кај нас, но Марија работи за нив
„Сосема случајно го запознав директорот на компанијата, на светски форум на Microsoft. Пред две години издадов еден курс за „ОneNote“, уште една одлична алатка за учење на далечина и мислам дека тоа беше пресудниот момент, да ме поканат да се придружам на тимот. Работам од дома, нешто што во моментов сите се обидуваат да прават. Е, тоа кај нас, функционира со години.“ Марија Петреска
Марија по струка е наставник по англиски јазик, има работено 14 години во државно и една година во приватно училиште
Со проектот „компјутер за секое дете“, добила мотивација да се пренасочи во технологија во образование
„Минатиот октомври, држев обука за наставници во Битола. Група од дваесеттина наставници, поголемиот дел на возраст околу педесет години и постари, кои работат во рурални училишта, каде нема компјутер и нема Интернет. Сите на обуката беа дојдени со позајмен компјутер од своето дете. Е, тоа се македонските наставници, толкава мотивираност нема на никое друго место во светов.“ Марија Петреска

Марија Петреска

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.