КАРИЕРА ВО ВИДИ ВАКА

ВРАБОТУВАМЕ МАРКЕТИНГ И МЕНАЏЕР НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ

За Види Вака

Види Вака осмислува, развива и продуцира раскажувачка содржина наменета за сите канали и публики. Ние креираме видеа, интерактивни приказни, раскажувачки стории основани на визуелизирани податоци и други видови на збогатено дигитално искуство. Ние сме современ медиум кој им дава смисла на информациите преку обезбедување фер, чесна и конзистентна содржина. Наша мисија е да ја информираме дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи, нудејќи видео и мултимедијална содржина која е веродостојна, лесна за гледање и штеди време за да ги добиете клучните информации.

Веќе шест години сме посветени на раскажување на приказни што вредат. Создаваме приказни кои им даваат глас на безгласните, создаваат општествени промени и се спротивставуваат на социјалните проблеми. Ги раскажуваме приказните на луѓето кои се невидливи за институциите, на поединците кои се херои на нашето време и чиј глас вреди да биде слушнат. Се водиме од мислата дека за вистински да имаш право на слободно мислење и изразување треба да имаш и можност да бидеш слушнат.

Нашиот медиум расте и се развива динамично, а во основата на нашиот развој се иновацијата, квалитетната испорака и умешноста да се најде заедничкиот интерес како би направиле промена во општеството. Нашиот тим е составен од креативни млади луѓе на заедничка мисија да бидат најдобри во тоа што го работат. Отворени сме за кандидати кои се креативни и ориентирани на решавање проблеми, подготвени да работат со тим на уредници, пишувачи, продуценти и визуелни раскажувачи на спојување на различни компоненти во една ефективна приказна. Ако сакаш да бидеш дел од медиум кој е лидер во креирањето приказни за најновите дигитални медиуми и формати и ако сметаш дека можеш да одговориш на динамичните и креативни предизвици, а при тоа да донесеш нова вредност и енергија во нашиот тим, би сакале да те запознаеме.

За работната позиција

Маркетинг и менаџерот на социјалните мрежи е одговорен за развој, егзекуција и надгледување на севкупните маркетинг активности на медиумот.  Управува со социјалните мрежи и заедницата на следачи на медиумот на социјалните мрежи. Една од главните задачи е да спроведува и предлага активности за социјалните мрежи кои ќе придонесат за зголемување на довербата кон медиумите и лојалноста на заедницата, како и зголемување на видливоста и препознатливоста на брендот на социјалните мрежи. Истовремено, ги следи најновите трендови и предлага имплементации на истите, тестира различни форми на содржини и комуникации со заедницата, ја следи, слуша и реагира на комуникацијата поврзана со брендот на социјалните мрежи. Креира извештаи, извлекува заклучоци и предлага подобрувања поврзани со присуството на брендот на социјалните мрежи. Маркетинг и менаџерот на социјалните мрежи има одлично изградено чувство за потребите на клиентите и ги оптимизира маркетинг активностите и комуникацијата соодветно. За ефектите од својата работа ги известува уредничката на Види Вака, бизнис директорот  и извршниот директор на медиумот. 

Потребно е да ги има следните искуства и вештини

Бараме динамична личност со добро познавање на социјалните мрежи и останатите дигитални маркетинг канали и алатки. Очекуваме да се одликува со исполнителност, педантност и желба за учење. Да поседува силни аналитички способности. Да биде добро информирана и во тек со најновите трендови во дигиталниот маркетинг. Да истражува и предлага новитети.

Пожелно е да ги исполнува следниве услови:

Најмалку 3 години искуство во дигиталниот маркетинг и управување со социјални мрежи

Сеопфатно познавање на спецификите на различните социјални мрежи

Одлично познавање на дигиталните маркетинг канали (SMM, PPC, SEO, E-mail, Lead gen)

Добро познавање на Google Analytics и Microsoft Excel, напредно познавање на UTM tagging техники, одлично снаоѓање во извештаите на Facebook

Високо ниво на пишувачки способности

Потребно е да ги има следниве лични карактеристики

Самоиницијативност
Одговорност
Желба за професионален развој

Што нудиме

Добра работна средина
Добра финансиска компезација
Приватно здравствено осигурување
Можност за професионална надоградба на обуки и преку материјали по сопствен избор на трошок на медиумот
Можност за посета на обуки и конференции во странство
Можност за пренесување на своето знаење преку обуки кои ги организира фондацијата ИДЕА ЈИЕ која стои зад медиумот

Зошто би сакал да работиш во Види Вака

Посветени сме на креирање приказни кои прават разлика. Ги ставаме во фокусот на јавноста примерите кои мотивираат, но и проблемите кои треба да се адресираат. Хроничари сме, лично и професионално на нашата ера, активни двигатели на промените и сведоци на многу прекрасни исходи од нашите приказни преку кои нашата работа најдобро се вреднува.

Посветени сме на градење тим кој ќе биде најдобар во тоа што го работи на професионален план, но и емпатичен и ореинтиран кон заедничката цел – да направиме разлика кон подобро, разлика која почнува од самите нас.

Посветени сме на креирање работна средина базирана на поддршка, разбирање и чувство на задоволство.

Како да аплицираш 

Пополни ја следнава форма и испрати ни ја твојата кратка биографија.

 

 

Види Вака им дава смисла на информациите преку обезбедување фер, чесна и конзистентна содржина. Наша мисија е да ја информираме дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи.