Марио Свинарски се гледа како олимписки шампион во карате на Олимписки игри во Токио во 2020 година

Марио Свинарски (16) е двоен државен карате првак во кадетска конкуренција (- 57 кг.)
Два пати бил и балкански шампион, а во три наврати петтопласиран на европски и светски првенства
Во Србија „се испроба” меѓу јуниорите во категоријата – 61 килограм и го освои првото место
ТОНСКО:Марио Свинарски, каратист – Следни предизвици се државно првенство во јуниори бидејќи ќе полнам 16 години и нема веќе да бидам кадет туку ќе бидам јуниор. Потоа следи балканско, европско и светско понатаму. (4:47-5:06)
Тренерот на Марио вели дека клубот има потенцијал и условите за работа им овозможуваат високи резултати
Се надева на голем успех на младинската олимпијада во Буенос Аирес во октомври
ТОНСКО:Александар Кузмановски –“Тренер во Олимпик спорт 2007“ – Марио Свинарски од 120 натпреварувачи во цел свет е на првата ранг листа со освојување на неколку пласмани на петтото место, балкански шампион и сето тоа за последната шанса на европското првенство во Сочи, Русија каде изгуби борба за финале. И со самото тоа тој веќе котира високо на таа ВХФ ранкинг листа. Потоа тука позади него стои во кадетска категорија, рамо до рамо, бидејќи оваа година ќе има младинска Олипмијада, Столе Смилковски кој во негова категорија е десетти на ранкинг листата од можни 80 натпреварувачи. Исто така тука е Факи Вејсели кој е втор на ранкинг листата. (4:30-5:11)
Јована Ѓорѓиева и Марија Милева, се најголемите адути во женска конкуренција
Младите карате надежи посакуваат уште многу пати да бидат на пиедесталот и во нивна чест да се интонира македонската химна
ТОНСКО : Марио Свинарски, каратист „За 5 или 10 години јас се гледам како олимписки шампион на олимписки игри во Токио во 2020 година

Марио Свинарски се гледа како олимписки шампион во карате на Олимписки игри во Токио во 2020 година

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.