Кога те нема

И таму кај што не си
те наоѓам.
Замижувам и знам
се препознавам.
Во туѓата си сенка,
во сечии си очи.

Словенечката пејачка Хелена Благне победи на првото издание на фестивалот Макфест во 1986 година
Настапи со нумерата „Кога те нема“, евергринот кој е дел од музичкиот опус на маестро Кире Костов
Текстот е на Васил Пујовски, а Костов вели дека музиката веднаш се залепила за песната
Хелена не го познавала македонскиот јазик, но сфатила дека песната ќе ја изгуби вредноста ако се пее на друг јазик
Композицијата ја испратиле во Љубљана каде Хелена ја испеала без да оствари контакт со авторите
“Кога те нема најприсутна си тогаш“
Ова е грешка во текстот на песната која ретко кој ја забележува
Уште додека ја снимале песната во Љубљана , Хелена го испеала делот во женски род, но никогаш не го смениле бидејќи сфатиле дека е симпатично
Хелена Благне смета дека ова е песната на нејзиниот живот
Кога те нема,
наоколу те барам.
Во туѓата си сенка
во сечии си очи,
кога те нема.
Кога те нема,
најприсутна си тогаш,
и те нема,
и секаде те има,
неизбежно те има,
во себе си те носам

Кога те нема

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.