Макети

Зградите од проектот Скопје 2014 се гломазни , нефункционални и го задушуваат јавниот простор
Тим на архитекти од Скопје нуди решение како да се ослободи просторот од потегот на Камениот мост до зградата на МНР
Планираат ослободување на просторот без да се рушат зградите
„Тоа се практично четири згради и една скулптура во кои како наш предлог беа четири клучни постапки. Првата е ослободување на одредени простори кои ги препознавме во самите згради, значи празнење на просторите. Втората постапка е поврзување на тие простори со самата локација бидејќи овие згради се некако неповрзани со контекстот. Третата постапка е прочистување на зградите од целокупната декорација.“
На крајот е предвидено репрограмирање на просторот односно создавање на содржини што граѓаните ќе ги користат
Археолошкит музеј сега зафаќа 13.510 метри квадратни, а може да се ослободат над 4.000 метри квадратни
Зградата на АЕК зафаќа 3.000 метри квадратни, од кои 2.000 може да се ослободат
„Овој проект е сериозно разработена скица која може понатаму да се развие во еден проект за разработка и за ослободување на заробените јавни простори од проектот Скопје 2014.“
Со ова решение Македонија се претстави на архитектонското биенале во Венеција

Макети

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.