Студентски филмови на Македокс

19 документарни филмови изработени од студенти беа дел од програмата на МакеДокс
Студентските документарци се натпреваруваа за наградата „Кокарче“
Тежок бил изборот кој е најдобар студентски филм
Па тоа беше тешко многу, бидејќи останаа 2-3 филма што беа онака во тесна конкуренција. Ги измеривме вредностите, преовладаа вредностите на овој филм, Филип Јовановски (жири комисија)
Студентката Зофија Ковалевска од Полска доби „Кокарче“за филмот „Блиски врски“
Во исто време понуди една наративна целина, значи, приказна којашто беше јасна, заокружена, којашто имаше развој на ликовите. Ги запознаваме ликовите во една состојба, за на крај на филмот да ги видиме во една сосема поинаква состојба, така што го имаше оној лак на развој на ликот, којшто е драматуршка основа, Ана Јакимска (жири комисија)
„Блиски врски“ е за двајца возрасни кои се заљубени цели 45 години
Ја оддржуваат врската и покрај секојдневните препирки
Ние како жири многу лесно дојдовме до најдобрите два филмови. Тогаш долго расправавме и беше прашање дали ќе преовладува некоја врвна постапка што вклучува емоција или врвен концепт. Тогаш долго се обидувавме да им дадеме шанса и на едниот и на другиот, на крај сепак емоцијата преовлада, Ненад Поповиќ (жири комисија)
И во студентските документарци преовладуваше концептот на МакеДокс
Оваа година темата беше визуелната нарација, повеќето филмови беа околу таа визуелна нарација, сите беа фокусирани околу тој поглед, околу тој аспект на филмот, Филип Јовановски (жири комисија)
Уште во прва година од своето студирање младите се сретнуваа со темата документарен филм
Ние документарниот филм на ФДУ секогаш го земаме како една основа од која што тргаме, потоа кога ги работиме играните филмови. Значи, таа некоја потрага по вистината е тоа што го имаме во основата на нашето образование, како филмски режисери. Така што, мислам дека нашата акадамија нуди доволно услови и поддршка за изработка на еден документарен филм, Ана Јакимска (жири комисија)
Во Македонија јавноста ретко има можност да ги види овие филмови
Условите за студентски документарци, кратки, се прилично добри. Студентите имаат услови за работа. Има многу фестивали, има Фестивал за студентски филмови, Белградски фестивал- краткометражен и документарен филм. Отприлика, можеби најмногу процентуално продукција на кратки документарци доаѓаат од факултетите, од приватните и државните академии. Стварно се условите добри. Сега не знам како е тука во Скопје. Но, кај нас се условите добри, доста филмови се снимаат, Ненад Поповиќ (жири комисија)
Полскиот документарец „21 х Њујорк“ на Пјотр Стасик ја освои главната награда „Кромид“
Во 68-те филмови од програмата, помалку се користеше говор, а повеќе се раскажуваше со слики
Бидејќи сум прв пат, многу е интересен концептот на фестивалот, многу е интересен просторот, мислам дека ова е единствен фестивал. Исто така и просторот, вака еден стар ан, каде се организира летно кино е стварно неверојатно. Организација, луѓе, сè тоа што се нуди, многу богата содржина. Единствен фестивал, не очекував, знаев доста за фестивалот, ама не очекував дека ќе биде вака. Кога дојдов, видов нешто навистина неверојатно. На сите ќе им препорачам да дојдат, Ненад Поповиќ (жири комисија)

Студентски филмови на Македокс

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.