Македонско девојче

Македонско девојче китка шарена
во градина набрана дар подарена
Невенка Росоманова – Томовска е вистинското македонско девојче
Таа била била инспирација за Јонче Христовски да создаде еден од најголемите македонски хитови
На веселбата за нејзиниот прв роденден на 4 Февруари 1967 година познатиот кантавтор ја создал песната со дел од другите гости
Тоа бил најубавиот подарок за Невенка и за нејзината мајка, пејачката Виолета Томовска
Невенка Росоманова –Томовска – На самиот роденден разговараат мајка ми, Јонче Христовски, Кочо Петровски и други музичари дека не направиле до сега песна за македонско девојче и на самиот роденден ја компонираат и jа поклонуваат на мајка ми во смисла на интерпретација тоа нејзина да биде.
Виолета Томовска заедно со Кирил Манчевски премиернo ја изведоа песната “Македонско девојче” во Април 1967
И по 52 години песната кај Невенка буди посебно чувство на возвишеност
На многу веселби пријателите ја пеат во нејзина чест
Невенка Росоманова – Томовска – Големо задоволство е. Знаете дека било за вас. Го чувствувам како нешто домашно изворно направено со свои пријатели. Драго ми е што се однесува на девојче или некако на жените па дури еве и други интерпретатори денеска помлади што се така поистакнати од Македонија ги викаат македонско девојче.
За педесеттиот роденден на Невенка, благодарение на нејзиниот сопруг овој хит доби нова верзија
Изминативе години оваа песна се пее на многу манифестации,а со неа се прославуваа и големи спортски успеси
Песната „Македонско девојче” денеска е препеана насекаде низ светот

Македонско девојче

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.