Лажна вест: Ројтерс

Полска, Шведска и Норвешка ја тужат СЗО поради заразата со ковид-19 во Европа
Оваа вест ја објави Ројтерс
Во пост на Фејсбук, придружен со слики од внатрешноста на авион полн со буриња,
се тврди дека пилоти признале дека прскаат со хемикалија
која предизвикува воспаление на белите дробови
Тврдењата за труење на населението со отрови
кои се прскаат од авиони се стари повеќе од една деценија
А објавите дека Ројтерс известувал за тоа
се споделуваат повеќе од еден месец и на повеќе јазици
Во конкретниот случај станува збор за типична дезинформација,
за чие пласирање како вистина
е искористена британската новинска агенција Ројтерс.
Ројтерс има и сервис за проверка на факти,
каде што ваквата вест е означена како лажна
Ниту Ројтерс ниту друг кредибилен медиум нема објавено таква информација
Со лажно претставување се злоупотребуваат името, логото или кредибилитетот на некои медиуми за да се пласираат како вистина дезинформации и лажни вести

Лажна вест: Ројтерс

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.