Литера

Првиот фестивал за детска литература и илустрација Литера викендов ќе ги врати посетителите низ историјата на македонската илустрација

Посетителите ќе евоцираат спомени со илустрациите на Младен Туниќ, Жарко Туниќ, Орде Маневски, Ацо Цветковски, Ацо Каевски, Мирослав Вељковиќ – Мишо и многу други

„Ќе има изложба на илустрации од домашни и од странски автори и ќе има еден сегмент на ретроспективна изложба на наши илустратори којшто креирале дела во текот нс 80-тите и 90-тите години на минатиот век“ Калина Игновска, фестивал „Литера“

Литера се одржува на 13 и 14 април во Музејот на современа уметност

Целта е популаризација на квалитетната детска литература и подигнување на свеста за нејзината важност во целокупниот процес на раст и развој на децата

На „Литера 2019“ ќе учествуваат истакнати автори од Македонија, како и гости од Србија, Хрватска и Грција

Многу теми ќе се начнат на фестивалот , ќе има и дебати и трибини каде ќе се зборува за улогата на литературата и илустрацијата во детските животи, во нивниот развој. Тоа ќе помогне да се отргнат од таблетите и телефоните барем за секунда, а исто така да развие дебата за како понатаму да се постапува во однос на тоа, како да се прилагоди литературата и илустрацијата за децата во модерното време Калина Игновска, фестивал „Литера“

Идејата е фестивалот да прерасне во традиција и да се позиционира на мапата на светски фестивали посветени на детската литература и илустрација

Литера

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.