Линдан - ОХИС

Депоните на линдан во фабриката ОХИС во Скопје, според токсичноста, се најжешката еколошка точка во Македонија
На две локации во кругот на фабриката несоодветно се депонирани големи количества опасни хемикалии од процесот на производство на линданот во периодот од 1964 до 1977 година
Поради токсичноста линданот е забранет за употреба во 52 земји, а строго ограничен во 33 земји
Линданот може да навлезе во човековиот организам преку воздухот, преку внесување загадена вода и храна и преку директен контакт со кожата
Истражувањата покажуваат дека е присутен во почвата, подземните води и воздухот, како и во овошките и зеленчукот што се одгледуваат во блиската околина на фабриката ОХИС
Ова соединение на светско ниво во 2004 година е идентификувано како неразградлив органски загадувач, со стапувањето во сила на Стокхолмската конвенција
„Има индикации дека има и канцерогено влијание. Од тие причини неговото елиминирање е нужно и Стокхолмаската конвенција токму алудира на тоа, таму каде што имаме отпад којшто содржи супстанци кои се на листата, вклучувајќи го линданот, да ги елиминираме.
Годинава ќе почне постапка за отстранување на линданот и неговите нуспродукти од малата депонија каде биле неправилно депонирани и третман на контаминираната почва
„Она што сега следи во рамките на проектот којшто го финансира ГЕФ и Владата на Република Македонија е почеток е на елиминирање на дел од овие депонии. Би требало кон крајот на оваа година да отпочне и елиминирањето на помалата депонија, каде што е депониран делта изомерот. Каде што се околу 10 илјади тони складирани и потоа да се бараат средства финансиски за решавање на големата депонија, каде што се околу 40 илјади тони депонирани опасен отпад.“
Целиот процес ќе се одвива контролирано, од обучен и стручен персонал, со највисок степен на мерки за заштита
„Очекуваме од овој проект меѓу другото да демонстрира дека технологијата која ќе биде одбрана, селектирана за деконтаминација ќе биде апликативна и за другата депонија, за поголемата депонија во кругот на ОХИС и за останатите контаминанти кои имаат слични особини како линданот и HCH изомерите“
Во исто време се планира и покривање на големата депонија, со вода непропустлива мембрана. Да се спречи емисија во воздух и кон продолжува на загадувањето на подземните води, привремено.
Македонското еколошко друштво (МЕД) е носител на активностите за подигнување на јавната свест за значењето и влијанието на линданот врз човековото здравје и состојбата на животната средина
Истражувањето на јавното мислење покажува дека една третина од граѓаните знаат што е линдан
Речиси сите од овие испитаници тврдат дека линданот претставува закана за нивното здравје и дека тоа е загадувачка закана за нивната непосредна околина
„Сметаат дека се слабо информирани во однос на ваквите штетни отпади и сметаат дека во иднина тоа треба да се подобри. Во случајов, ја поддржуваат иницијативата за отстранување на линданот и исто така, сакаат да бидат активно информирани во однос на оваа иницијатива, по прашањата на линданот.
Изјава Сузана Андонова , Национален проект-координатор од канцеларијата на POP’s од Министерството за животна средина
„Точните информации се рецептот на правилно информирање на и младите и постарите, се разбира, тоа мислам дека ја подига свеста на популацијата кога ќе се лиферува или ќе се пласира соодветна информација, точна информација„
Целосното отстранување на линданот од сите локации каде што е присутен, како и соодветното третирање на почвата, се долгогодишен процес

Линдан – ОХИС

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.