Лица со инвалидитет

Бранкица Димитрова е лице со инвалидитет
Секојдневно по скопските улици се мачи да ги реализира основните обврски дури и со личен асистент
Препрека се високите тротоари, несовесните возачи, несоодветниот градски превоз и рампите
И дел од државните институции се недостапни за лицата со попреченост
Рампата за инвалиди на влезот не значи дека и внатрешноста на институцијата е пристапна
Само 19 % од општините имаат целосна пристапност за лицата со инвалидитет, а 34 % се целосно непристапни (Извор: Центар за управување со промени)
83 % имаат назначено лице за помош на лицата со попреченост, а 78 % оваа информација ја немаат на нивната интернет страница

Лицата со попреченост добиваат надомест од 7098 денари
Купуваме лекарства. Некаде со околу 3000-4000 денари купуваме лекарства, физикална терапија партиципираме. (Докторите велат најмалку три пати неделно масажа вежби. Но како да си дозволам кога немам финансии. Со 7000 што попрво. Дали лекови да купувам против болки дали да одам на физикална терапија.
Проблем е што оние кои имаат негувател во домашни услови немаат право на личен асистент
Немаат слобода во изборот на старател и паричен надоместок за него
Мене ми треба негувател да се искапам дома, државата ќе ми даде. Меѓутоа персонален асистент нема. Користиш негувател. Што ќе му правиш на тоа лице. Ќе го избањаш и под клуч. Мене мора да ме чува брат ми. Ако немам јас брат тогаш ќе ме чува тетка ми ако мајка ми и татко ми починат. Ако немам јас брат или сестра ќе мора да ме чува тетка ми или вујко ми. Како мене ќе ме чува тетка ми или вујко ми. Јас сакам да живеам сама. Не е проблем ти можеш да живееш сама, но ние ќе го тужиме брат ти тој ќе плаќа алиментација.
Лицата со инвалидитет имаат право на личен асистент 80 часа месечно

Лица со инвалидитет

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.