Кунг - фу во Македонија

Кунг фу е духовна и физичка дисциплина
Има околу 800 стилови и постојано се откриваат нови
Во Македонија се применува и најмладата дисциплина – Винг Чун
Поготово за Винг Чунот е еден како мини светски центар на Балканот. Затоа што, нема многубројни клубови, некаде околу 7-8. Меѓутоа тие се константно полни, има доста вежбачи. Така кога ќе правиме семинари, борба, поготово порано, се собиравме голем број, по стотина луѓе, Мирослав Тодоровски (сифу)
Сифу Мирко започнал да се занимава со оваа боречка вештина во 80-тите
Еден е од организаторите на првиот Винг Чун семинар во Македонија
Учествувал и големиот мајстор Вилијам Чеунг
Сега има доста услови, свои простории, свои облеки, помошни реквизити, сето тоа го немаше. Меѓутоа, воопшто не ми застануваше ентузијазмот, Мирослав Тодоровски (сифу)
Винг Чун преку техниките ветува долг и среќен живот исполнет со хармонија
Ние направивме еден, јас поточно. Којшто е еден обид, по мене, прв, можеби и единствен во светот, од овој вид. Каде што е застапена и голораката и оружјето и естетиката и убавината. Веќе се направени 5 неофицијални и 2 официјални турнири, под името „Complete Wing Chun Combat“, Мирослав Тодоровски (сифу)

Кунг – фу во Македонија

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.