Полициски кучиња

Рекс, Браун и Бела се најуспешните полициски кучиња во минатата година

Тие се незаменлив дел во Единицата за службени кучиња при МВР

Службените кучиња имаат огромно значење во секојдневното работење на Министерството за внатрешни работи. Посебно поради фактот дека истите претставуваат незаменливо помошно средство во пребарувањето, пронаоѓање на предмети и продукти, коишто се клучни докази во понатамошната истрага. Меѓу другото, во многу други случаевии во коишто полициските службеници сами не би можеле да ги извршат тие задачи.

Полициските кучиња 70 години се дел од полициските служби во Македонија

Обучени се и за пребарување на изчезнати лица во снежни лавини, поплави и под урнатини

Во првата категорија се кучињата кои се обучени за пребарување на наркотици- наркотични средства, опојни дроги, експлозиви и експлозивни направи. Тука припаѓаат кучињата за оружје и мониција, кучињата за барање пари. Да ги напоменам, кучињата кои се користат за обезбедување на објекти од витално значење кај нас и за државната граница. Димитар Митриќески (Инструктор за обука во Единица на службени кучиња при МВР)

Има околу 80 кучиња со кои се работи секојдневно за одржување на нивната кондиција

Работниот век им трае од 8 до 10 години, а по пензионирањето ги згрижуваат полициски службеници

Едно службено куче може да се употреби во текот на денот 3 до 4 пати. На пример, службеното куче Бела од расата лабрадор, во текот на 2018 година има постапено во 511 случаеви, а е специјализирано за откривање на експлозиви и експлозивни направи.

Kучиња за спроведување на законот во МВР се добиваат по пат на размножување или донација

Полициски кучиња

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.