Александар и Бен

Бен има 5 години и веќе е искусен личен помошник

Уште додека бил кутре на два месеци му станал десна рака на Александар Велески кој боледува од церебрална парализа

Доволни биле два месеци тренинг за успешно да ги извршува сите задачи

Тој му е верен придружник на Александар, а пред маркет, аптека или во било која институција го чека пред врата

Благодарение на Бен, Александар е помалку зависен од другите луѓе

„Стануваме и јадеме заедно. После тоа излегуваме во паркчето пред зграда каде си играме со топчето. Некаде пред ручек се враќаме и одмараме. Приквечер излегуваме на прошетка, ако е потопло одиме и до градскиот парк, каде се враќаме накај 20-21 часот. Бен си легнува во мојот кревет, а јас седнувам на компјутер и играм „World of Warcraft“.“

Кај нас законски не е регулирано прашањето, ниту е развиена свеста кај луѓето за важноста на кучињата помошници

„Пред Влада имаше многу комична ситуација. Застанува еден дечко и ми вика „Еј браво, police dog“

Александар и Бен

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.