Крсте Роџевски

Најдобар музичар меѓу психијатрите или најдобар психијатар меѓу музичарите

Крсте Роџевски повеќе од две децении живее и работи во Њујорк како психијатар

Во светот на музиката влегол во основно училиште со Мандолинскиот оркестар

„Бидејќи психијатријата е една област која има многу сиви и меѓу редови случаи и нарации, многу е слична и со музиката. Во склоп на психоаналитичките студии, има и часови „уметност на слушање“. Бидејќи ти цело време слушаш нарации, слушаш приказни, слушаш музика меѓу редови, слушаш тоа што ти кажуваат, што не ти кажуваат, како да работиш во тишина.“ Крсте Роџевски (музичар)

Со деби албумот „Батанија“ се обиде да ја спои љубовта помеѓу Њујорк и родната Битола

Во легендарниот „Џос паб“ го промовираше вториот албум „Горчливи бадеми“

Албумот „Зајакот и паднатиот јавор“ беше на листата најдобри албумски остварувања во 2018 во највлијателниот џез-магазин „Даунбит”

„Продуцент е Бил Ласвел кој е продуцент на семинални некои групи од Мик Џегер и Моторхед, кој ги микса албумите многу компактно. А овој албум го остави да дише, има многу грешки во миксањето. Тие вокали што се на „Зајакот и паднатиот јавор“ се „скреч вокали“, тоа значи дека, јас само пеев само да ги ориентирам во студиото и требаше да ги препеам. Бил вели: „Не, не, ова ќе остане вака.“ И тоа допринесе во Даунбит да биде едно од тие, Вау што е ова?!“ Крсте Роџевски (музичар)

Роџевски на годинашното издание на ОФФест ја донесе во родната земја „музиката од светот“ на македонски јазик

Крсте Роџевски

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.