На повеќе од половина милион граѓани им бил побаран поткуп барем еднаш

На повеќе од половина милион граѓани им бил побаран поткуп
барем еднаш во текот на годината
Ако ги прашате што мислат за тоа, сите ќе одговорат дека ја осудуваат корупцијата
Сепак многумина и самите би дале пари, услуга или подарок за да завршат некоја работа
Повеќе од 480.000 граѓани поткупиле некого барем еднаш во изминатата година

„Во услови во кои што тие институции не работат како што треба, каде што има корупција едноставно ги ставаат луѓето во таква позиција да тоа е начинот на кој што ја завршуваат работата и така пробуваат да си го оправдаат своето однесување.“ – Миша Поповиќ – ИДСЦС
Корупцијата е на петтото место меѓу проблемите кои ги мачат граѓаните
по невработеноста, политичката нестабилност, сиромаштијата и ниските приходи
Дури 83,5 % од граѓаните на кои им бил побаран поткуп молчеле за тоа
Не пријавиле на полицијата, ниту на друга институција

„Клучно за намалување на корупцијата во административниот дел е да бидат истражувани дела поврзани со висока корупција, поврзани со носителите на највисоките функции во државата.“ – Миша Поповиќ – ИДСЦС
Во 2015 за примање поткуп биле обвинети 13 лица од кои деветмина биле осудени
Повеќето добиле условна казна или до две години затвор
За давање поткуп осудени биле четворица
Ниту еден не добил ефективна затворска казна.

На повеќе од половина милион граѓани им бил побаран поткуп барем еднаш

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.