Роми - корисници на дрога

„Ром – корисник на дрога, кој бил на метадонска терапија 14 години во затвор, дијагностицирана му е епилепсија. По излегувањето, со себе немал никаков личен и медицински документ…“

Четвртиот ден по излегување од затвор, клиентот доби епилептичен напад во нашиот центар, при што е повикана Брза помош, која веднаш дојде. Но, иако сакаа да помогнат, не знаеја каде да го сместат, бидејќи и Клиниката за токсикологија и Психијатриската болница во Бардовци, се прогласија за ненадлежни. Наместо, да биде сместен на супституциски третман, му дадоа симптоматска терапија и беше пуштен дома,“ Томислав Ружин (ХОПС – Опции за здрав живот)

Излегување од затвор без лични документи и здравствено осигурување, на Ромитеl им го отежнува пристапот до нивно лекување

Друг проблем за корисниците на дрога е оддалеченоста на центрите за лекување и економската состојба

Од овие причини се зголемува ризикот од предозирање, како и повторна употреба на дроги

ХОПС уште во 2001 започна со теренски активности за поддршка на корисници на дроги во Шуто Оризари

Дури 40 % од вкупниот број на дадени социјални услуги oд сервисот на ХОПС се даваат на Роми корисници на дроги. Тие најчесто се соочуваат со стигма и дискриминација од страна на асистентите и затоа им е потребна и асистенција и придружба, Томислав Ружин (ХОПС – Опции за здрав живот)

Највидливи се децата Роми, а за нив сè уште нема програма за лекување на малолетни лица кои употребуваат дроги

Тоа доведува малолетниците да бидат уште поранливи и да употребуваат повеќе дроги истовремено

Највидливи се децата Роми, бидејќи се на улица и заради видот на психоактивна супстанца којашто ја користат, односно, најчесто од нив инхалираат лепак. Меѓутоа, она што е запрепастувачки, ние од 2013 година имаме теренски активности за деца кои употребуваат дроги. Половина од децата ги контактираме во континуитет, откако е започната програма. Тие деца растат, имаат 15, 16 – 17 години и веќе имаме информација од терен дека користат други видови дроги, како хероин, метадон, дијазепам и така натаму, Силвана Наумова (ХОПС – Опции за здрав живот)

Роми – корисници на дрога

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.