Конвалесцентна плазма

„Јас се одлучив да дарувам конвалесцентна плазма, бидејќи, сакав да придонесувам, да спасам нечиј живот.“
Конвалесцентна плазма – спас од подмолниот коронавирус
Здравствениот работник Сабри Азири на 13 април беше еден од 54-те нови случаи, заболени од Ковид-19 во нашата земја
„Од 1 до 9 април работев по 12 до 14 часа на ден, бидејќи околностите и ситуацијата беше таква. На 9 април, кога се вратив дома, кога завршив со работното време, дома осетив покачена телесна температура, имав кашлица. Следниот ден, на 10 април, беше и мој роденден, отидов во Институтот за јавно здравје, каде што ми земаа брис. Истиот ден, не се појавив на работа, со цел да го заштитам персоналот, односно, колективот и мојата фамилија. На 13 април, ме контактираа од Институтот за јавно здравје и ме известија дека сум позитивен на Ковид-19.“
Коронавирусот изминативе месеци покажа дека не штеди никого
„Кога дознав дека сум позитивен на Ковид-19, прво ги известив членовите на мојата фамилија, потоа, го известив колективот. Додека бев во изолација, не сум осетил лично стигма од никого. Ова е факт, ова е реална ситуација. Ние, мора да се соочиме со оваа пандемија, којашто владее низ целиот свет.
Тој период имав вкупно два дена, покачена телесна температура и вкупно три дена, сува кашлица. Чувствував омалаксаност, но, тоа траеше многу кратко кај мене, јас имав такво искуство, многу кратко кај мене.“
Сабри Азири работи како Главен медицински техничар во ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија. Тој е еден од дваесет и седумте дарители на конвалесцентна плазма во нашата држава
„Ова можеби е мал гест што сум го направил, но, сум го направил со големо срце. Неодамна, напишав една изрека, цитирам: „Кога професијата ја сфаќаме како визија, тогаш имаме комплетно завршена мисија.“ Јас лично, мојата професија ја доживувам, ја гледам и ја сфаќам како мисија.“
Сабри Азири по закрепнувањето од коронавирусот, одлучи да спаси нечиј живот и даруваше крвна плазма
Конвалесцентна плазма, од лица излекувани од коронавирус, се користи за лекување на новозаболените од Ковид-19, бидејќи во неа има антитела кои организмот ги создал за време на борбата со вирусот
Досега во Македонија се обезбедени 46 единици на конвалесцентна плазма. Контролирани се повеќе од 130 потенцијални донори, од кои дарувале само 27 дарители.
Доколку дарителот дарува со процедура плазмаферза, тогаш се обезбедуваат две единици, а при стандардно дарување на крв се обезбедува една единица. Една единица се користи за третман на еден пациент, а по потреба со индикација поставена од инфектолог на пациент може да се даде и до две единици.
„Според мене, мал интерес на луѓе даруваат конвалесцентна плазма, заради не точните информации, не доволните информации. Лично, ги охрабрувам. Бидејќи, сега ние, сите подеднакво сме им потребни на нашите пациенти и на нашето општество. Не треба да бидеме себични, треба да бидеме пред сè луѓе, хумани и да покажеме дека ние можеме да се сплотиме, тогаш кога најмногу му требаме на општеството. Само во наредните околности, создаваат големи личности. Големите личности се меѓу нас, но, само треба да се разбудат.“
Плазмата се чува на -30 степени целзиусови и на оваа ниска температура може да се чува и до три години. Постапката за дарување трае од 40 до 60 минути и се издвојува од 300 до 600 мл плазма, а останатите компонетни се враќат на донорот. Даруваната плазма е течниот дел на крвта, кој брзо се надокнадува
„Излекуваните пациенти, можат најмногу да придонесуваат во спасување на многу животи. Ги замолувам, ги охрабрувам и ги повикувам, сите тие коишто имаат можност, да излезат во пресрет, да даруваат конвалесцентна плазма и да можеме да им помогнеме на луѓето на коишто најмногу сме им потребни.“
Победата на Ковид-19, Сабри Азири го поттикна да помогне на друг пациент во битката со овој подмолен вирус
„Само со позитивен дух, со позитивен пристап, со сплотеност, со хуманост, можеме заедно да се справуваме со секаква битка.“

Конвалесцентна плазма

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.