Секој жител на Македонија лани создал по 412 килограми комунален отпад, што е рекорд во последниве 10 години
(Извор: ДЗС)
Вкупно биле создадени 845.565 тони комунален отпад, а комуналните служби собрале 625.386 тони
Тоа значи дека скоро 200.000 тони од создадениот комунален отпад останал на диви депонии
Големината на тој отпад е колку 20 Ајфелови кули
Најмногу отпад останал несобран во југозападниот и во вардарскиот регион, а најмногу има собрано во скопскиот регион
Во Полог останале несобрани преку 40.000 тони или една третина од вкупно создадениот комунален отпад
Add comment