Видео колумна: Дезинформациите се шират како вирус

СДСМ победи меѓу заболените од ковид-19, Амди Бајрам е мртов.
Овие две вести изгледаат како да немаат ништо заедничко, но имаат. И двете се лажни вести.
Дезинформациите се шират како вирус – како да се заштитиме?
Социјалните медиуми се преплавени со дезинформации. Тие се шират како вирус. Но како настануваат и како допираат до толку голема публика? За да одговориме на ова прашање, мора сите да внимаваме да не се заразиме.
Дезинформациите, лажните вести, спиновите постоеле отсекогаш. Причината зошто сега толку многу се зборува за нив е поради брзината со која се шират и просторот кој го зафаќаат, особено во дигиталниот свет.
Современата технологија и социјалните медиуми направија многу лесно информациите да допрат и до најзафрлените места, но истовремено направија да биде и многу тешко да веруваме во сè што ќе прочитаме онлајн.
Меѓутоа доколку откриеме како настануваат дезинформациите, полесно ќе биде и да најдеме соодветен третман за нив.
Едни ќе кажат дека се имуни на дезинформации, но всушност тоа значи дека веќе имаат симптоми и дека се инфицирани со лажни вести.
Други ќе кажат дека лекот за спречување на вирусот од дезинформации е едноставен – треба да престане да се споделува нивната содржина. Но не е толку лесно.
Она што е лесно е да утврдиме Дали информацијата е точна? преку употреба на едноставни техники што ќе ни одземат само неколку минути
Тоа ќе го направиме преку проверката на фактите. Звучи многу детективски, да, но за да провериме одредена информација и да го оцениме нејзиното влијание, треба да си ги поставиме следниве прашања:
(набројувањето да се гледа на екран, едно по едно ако е можно како што ги кажувам)
– Кои се луѓето/медиумите што ја објавуваат информацијата и кој е нивниот мотив?
– Какви докази имаат за своите тврдења?
– Што велат други извори за таквите тврдења?
Ќе се почувствувате како да сте детективи.
Пример 1: Приказните за изборна победа (може со посебна најава . . .како примертот што ти го покажав на позадина испишан насловот)
Дезинформациите станаа главен декор за време на изборните кампањи, покрај митинзите, прес-конференциите и платеното политичко рекламирање.
Ќе ви прикажеме неколку примери на дезинформации и како да проверите дали се точни.
Денес гласаа 716 луѓе болни од ковид-19.
Ова се резултатите:
– 560 СДСМ
– 21 ДПМНЕ
– 135 неважечки
Оваа објава е споделена 68 пати.
Дали ќе направите вест од овој твит или дали би го споделиле твитот на вашиот профил? Одговорноста секако не е иста, но техниките за проверка на веродостојноста на информацијата содржана во него се исти, и за новинарите и за читателите…
Авторот на твитот сугерира дека СДСМ има предност пред ВМРО – ДПМНЕ на денот кога гласаат болните од ковид-19.
Како да провериме дали е точна оваа информација? Прво, го проверуваме профилот на тој што го напишал твитот. (Нека се појави на екран првото прашање истото од првиот пат кога сме го напишале)
Видете каква содржина споделува и дали е нечиј поддржувач. Тоа треба да ви даде одговор на првото прашање дали овој профил има мотив за објавување на оваа информација.
Понатаму, проверуваме дали има наведено извор на објавата или доказ за тврдењето? (Нека се појави на екран второто прашање истото од првиот пат кога сме го напишале)
Нема.
Затоа ние ќе провериме колку луѓе кои се болни се пријавиле за гласање. Со едноставна посета на веб-страницата на Државната изборна комисија
ќе дојдеме до податокот дека за гласање биле пријавени 723 болни од ковид-19, од кои 36 не гласале.
Значи, бројките не се совпаѓаат.
Слична содржина се објавуваше од еден портал на денот кога гласаа болните и изнемоштените, лицата кои отслужуваат затворска казна и лицата во притвор…
НЕОФИЦИЈАЛНО: Кај болните и изнемоштените Николоски го победи Заев!
(го замаглуваме логото на Лидер и прикажуваш преку линков
Тоа нè води до одговорот на последното прашање: Што велат други извори за ваквите тврдења? (Нека се појави на екран третото прашање истото од првиот пат кога сме го напишале)
Поради големиот број вакви дезинформации Државната изборна комисија неколкупати демантираше дека овие гласови се бројат веднаш. Гласовите на оние кои гласале во посебни услови се бројат заедно со другите гласови, односно по официјалното затворање на гласачките места на 15 јули во 21:00 часот.
(го прикажуваме на екран демантот од ДИК објавен на нивната веб-страница и објавата во СДК.мк за истото)
Пример 2: Приказните за иселувањето на младите…
Но, не се дезинформации или наведувачки содржини само оние содржини што се објавуваат на социјалните мрежи.
И дел од медиумите манипулираат со содржината со цел да предизвикаат конфузија кај читателите. Често за тоа се користат и фотографии. И покрај тоа што се вели дека фотографијата заменува илјада зборови, во нашиот пример таа фотографија служи за погрешно наведување на читателите.
Да го видиме овој текст.
(Фото) Си оди младината… – Иселувањето од Македонија стана секојдневие, особено во последните три години…
Насловот сугерира дека во објавата има фотографии кои покажуваат како младите си заминуваат од земјава.
На првата слика се гледаат куфери, метеж на неодредено местo од каде што се патува. Само со едноставна проверка на автентичноста на фотографијата преку веб-страницата tineye.com доаѓаме до податокот дека станува збор за фотографија која се вика „Одложување на патување“ и се продава од 2012 година.
Дополнително, текстот е опремен со уште две фотографии кои се принтскринови од текстови од 2019 година.
Но дали се тие доказ дека младината си заминува?
Проблемот со иселувањето на младите е реален и за него се пишува со години. Но авторот на текстот наместо соодветно да го претстави одливот на мозоци, разочараноста на младите и нивната потрага по подобар живот надвор од земјава ги манипулира читателите со наводни фотографии како доказ за заминувањето на младите.
Пример 3: Приказните за еден умрен и за еден болен политичар
Некој ми кажа дека Амди Бајрам починал во „Филип Втори“. Некој да разбрал нешто?
Инфово ми е од директор на клиника при Клинички.
Темите како: напад, несреќа или смрт на јавни личности секогаш добиваат големо медиумско внимание. Тие може да бидат и извор на дезинформации во трката за објавување на што повеќе детали.
Но овој твит не добил внимание. Нема никакви споделувања ниту влијание.
Ако уште малку анализираме, ќе откриеме дека тој што го објавил и самиот се демантира. Зошто би информирал директор на клиника на Клинички за наводно починато лице во друга болница?
Тоа е затоа што содржината во него е целосно измислена.
Овој твит со лажна содржина не доби медиумско внимание. Потврдата за лажната вест дојде од наводно починатиот Бајрам, кој кажа дека се чувствува одлично.
Сепак, демантот на политичарот доби медиумско покривање со цел да се спречи ширењето на дезинформацијата.
Медиумите ја имаат токму таа цел – да изнесуваат проверени и вистинити информации, но, за жал, не се сите медиуми со таква агенда.

Сепак, остана нејасно со каква агенда била објавена веста дека Насер Зибери, предлогот за премиер Албанец на ДУИ, е позитивен на коронавирусот.
Оваа информација беше објавена на многу медиуми, голем број од нив и кредибилни, кои се повикуваа на нивни извори или на објава од друг медиум.
Таа се прошири со голема брзина, но речиси со иста брзина се прошири и веста дека станува збор за дезинформација. И за разобличувањето на оваа дезинформација со демант се јави и самиот Зибери.
Но, прашањето кој прв ја објавил оваа дезинформација и кој бил неговиот мотив дополнително ќе треба да се одговара.
Ова се само малку примери преку кои може да се прикаже брзото ширење на дезинформациите, влијанието што можат да го имаат тие, но и начините на кои можеме да провериме дали со ваквите содржини се манипулира со нас.
Понекогаш нивната цел може да биде да се упати поддршка, да се мотивира јавноста на одредена акција, да предизвикаат бес, неверување, да послужат како шега, но и како многу лоша шега за нечија наводна смрт.
При напливот на толку многу информации и исто толку многу дезинформации, како да не ја изгубиме целосно довербата во она што го читаме онлајн?
Многу е јасно дека никој од нас не може да биде експерт во сè, ниту пак изворите од кои се информираме секогаш ќе бидат во право, и тоа се луѓе и може да се случи да направат грешки.
Затоа е важно и граѓаните да ги развиваат своите вештини за проверка на фактите бидејќи и тие може да учествуваат во создавање на медиумска средина поотпорна на дезинформации и да бидат лекот, или еден од лековите за запирање на вирусот на лажни вести.

Видео колумна: Дезинформациите се шират како вирус

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.