Културолошки и структурни компетенции на здравствените работници

Стефан Јованов е студент на Факултетот за медицина

За дискриминацијата на белите мантили учеше од предметот „Културолошки и структурни компетенции на здравствените работници“

„Изучувањето на овој предмет не доближи и ни помогна нас всушност да забележиме кои се маргинализирани групи во здравството во Македонија. Јас, како иден доктор во целост ќе избегнувам било каква дискриминација и ќе помогнам на сите пациенти подеднакво, бидејќи на тоа и не изучува Хипократ.“ Стефан Јованов, студент

Заедно со студенти од УКИМ Скопје, УГД Штип и УКЛО Битола учат за недискриминација и почитување на различностите

Ова е прв ваков предмет на Балканот кој акцентот го става на значењето на наративната медицина

Всушност, се работи за вид на медицина којашто се базира на спроведување на т.н. хумана и ефективна клиничка пракса. Наративната медицина применува посебни методи на едукација коишто се во интерес на остварувања на човековите права, меѓутоа и на правата на пациентите. Проф. д-р Елена Ќосевска

Истоимената книга, прирачник и наставен предмет учи на еднаквост, заштитата на здравјето на Ромите и ранливите групи

Книгата е поддршка на истоимениот акредитиран изборен предмет на додипломски, постдипломски и докторски студии

„Предметот придонесува и тоа го гледаме и тоа самите учесници го кажуваат на крај, дека стануваат свесни за реалното постоење на проблемот на нееднаквост, на проблемот на неправедност, на проблемот на дискриминација. Велат дека препознајќи го, им помага да не го повторуваат понатаму во праксата.“ Проф. Д-р Весна Велиќ – Стефановска

Автори на книгата и практикумот се девет универзитетски професори, а издавач е Фондација Отворено општество

Заради тоа лекарите треба да прифатат, и тоа е идеалниот начин, еден многу комплексен приод. Од една страна да се ослободуваат што е можно повеќе од своите сопствени стереотипи и предрасуди кога гледаат одредена група. Меѓутоа, од друга страна да бидат многу флексибилни, да бидат многу прилагодливи на она што претставува културна традиција, којашто пак подразбира и бара специфичен начин на постапување. Проф. д-р Мирјана Најчевска

Идните доктори учат за принципот на еднаквост и заштита на здравјето на Ромите како ранлива група

• Тука изјавите ќе одат сите четири заедно, една по друга, во поделен екран. Додека едниот студент зборува, останатите тројца се во „фриз“

„Со помош на тоа, јас сега можам да увидам дека дискриминацијата постои и во клиничките одделенија, како што се на пример Ромите. Јас сум многу среќна поради тоа што можам да го увидам тоа. Среќна сум што во иднина ќе можам да бидам еднаков доктор за сите пациенти.“ Наташа Букреска, студент

„Го почитувам самиот предмет, бидејќи, не научи дека луѓето, односно самите наши идни пациенти, не треба да подлежат на никаква сегрегација т.е дискриминација во однос на здравствените услуги и ни прикажа како да го гледаме здравството, односно самата медицина како наука од еден поинаков етички аспект.“ Љубица Атанасова, студент

„Ваков предмет каков овој ни беше навистина потребен, за да ни помогне на нас како идни здравствени работници, на нас како студенти, на идните лекари, да научиме како воопшто да не правиме разлика помеѓу луѓето, односно да не правиме разлика помеѓу нашите идни пациенти.“ Бојан Трајковски, студент

Културолошки и структурни компетенции на здравствените работници

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.