Клер Мекфарлен

Клер Мекфарлен во 1999 била силувана и брутално претепана во Париз, Франција
По нападот, била оставена речиси мртва на улиците на француската престолнина
Оттогаш започнува нејзината 16 годишна битка со францускиот правосуден систем за напаѓачот да ја добие заслужената казна
Десет години по нападот, во 2009 додека живеела во Швајцарија добила повик од француската полиција
Ја повикале за 48 часа да дојде во Париз и да го идентификува напаѓачот
Во 2011 тој бил осуден на 12 годишна затворска казна, но отслужил само две
Конечната правна победа Клер ја извојувала во 2015
Оттогаш преку проектот Footsteps to inspire насекаде низ светот Клер трча по 16 километри
Тие се симбол за шеснаесетте години на нејзината правна битка
Kлер Мекфарлен – Решив да ја споделам мојата приказна. И да охрабрам многу луѓе да ми пријдат. И знаев дека морам да направам нешто. Знаев како да ја искористам мојата приказна за да креирам промена и да им дадам гласност на другите. Знаев дека никој не сака да зборува за сексуално насилство и треба да направам нешто оригинално и поинакво и затоа трчам. Бидејќи спортот е начин луѓето да се зближат едни со други. Добар начин да се решаваат тешките прашања.
Клер трчаше и во Скопје на кејот на Вардар и со помош на граѓанските организации ја сподели нејзината приказна
Вели дека во Македонија се уште постојат табуа и дека повеќе се зборува за семејното отколку за сексуалното насилство
Гледа желба за промена на подобро особено поради начинот на делување на цивилниот сектор
Клер Мекфарлен – . Има силна желба за креирање промени и работите да се сменат на подобро за жртвите на сексуално насилство овде во државата. Не ми пристапиле жртви во Северна Македонија. Тоа не значи дека нема. Можеби поради она што го правам тука некоја од нив ќе ми пише. Ова се случува често.)
Клер досега посетила 47 земји, а планира нејзината приказна да се слушне во 230

Клер Мекфарлен

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.