КАРИЕРА ВО ВИДИ ВАКА

За Види Вака

Види Вака осмислува, развива и продуцира раскажувачка содржина наменета за сите канали и публики. Ние креираме видеа, интерактивни приказни, раскажувачки стории основани на визуелизирани податоци и други видови на збогатено дигитално искуство. Ние сме современ медиум кој им дава смисла на информациите преку обезбедување фер, чесна и конзистентна содржина. Наша мисија е да ја информираме дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи, нудејќи видео и мултимедијална содржина која е веродостојна, лесна за гледање и штеди време за да ги добиете клучните информации.

Веќе шест години сме посветени на раскажување на приказни што вредат. Создаваме приказни кои им даваат глас на безгласните, создаваат општествени промени и се спротивставуваат на социјалните проблеми. Ги раскажуваме приказните на луѓето кои се невидливи за институциите, на поединците кои се херои на нашето време и чиј глас вреди да биде слушнат. Се водиме од мислата дека за вистински да имаш право на слободно мислење и изразување треба да имаш и можност да бидеш слушнат.

Нашиот медиум расте и се развива динамично, а во основата на нашиот развој се иновацијата, квалитетната испорака и умешноста да се најде заедничкиот интерес како би направиле промена во општеството. Нашиот тим е составен од креативни млади луѓе на заедничка мисија да бидат најдобри во тоа што го работат. Отворени сме за кандидати кои се креативни и ориентирани на решавање проблеми, подготвени да работат со тим на уредници, пишувачи, продуценти и визуелни раскажувачи на спојување на различни компоненти во една ефективна приказна. Ако сакаш да бидеш дел од медиум кој е лидер во креирањето приказни за најновите дигитални медиуми и формати и ако сметаш дека можеш да одговориш на динамичните и креативни предизвици, а при тоа да донесеш нова вредност и енергија во нашиот тим, би сакале да те запознаеме.

Отворени работни позиции во Види Вака

Новинар
Видео монтажер
Маркетинг и менаџер на социјални медиуми

Зошто би сакал да работиш во Види Вака

Посветени сме на креирање приказни кои прават разлика. Ги ставаме во фокусот на јавноста примерите кои мотивираат, но и проблемите кои треба да се адресираат. Хроничари сме, лично и професионално на нашата ера, активни двигатели на промените и сведоци на многу прекрасни исходи од нашите приказни преку кои нашата работа најдобро се вреднува.

Посветени сме на градење тим кој ќе биде најдобар во тоа што го работи на професионален план, но и емпатичен и ореинтиран кон заедничката цел – да направиме разлика кон подобро, разлика која почнува од самите нас.

Посветени сме на креирање работна средина базирана на поддршка, разбирање и чувство на задоволство.

Види Вака им дава смисла на информациите преку обезбедување фер, чесна и конзистентна содржина. Наша мисија е да ја информираме дигиталната генерација која ги добива вестите преку мобилни уреди и социјални мрежи.