Песни во кампања

Првиот дел од кампањата за претседателските избори ги исфрли на површина и музичките афинитети на лидерите
Освен класичните меѓусебни обвинувања премиерот и лидерот на опозицијата си испратија пораки преку музички евергрини
Заев ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски дека не нуделе никаква опција и им посвети светски хит
Премиер на Република Северна Македонија – Не нудат ништо. Како ќе ги задржиме младите без НАТО и ЕУ. Не кажуваат ништо не нудат ништо зборуваат за минатото. Има една песна се вика Strangers in the night …
Strangers in the night exchanges glances. Wondering in the night what were the chances? We’d be sharing love before the night was through (
Мицкоски пак му порача да ја научи Wind of change бидејќи народот ќе му ја отпеел на 21 мај и на 5 јуни
Take me to the magic of the moment on a glory night. Where the children of tomorrow dream away. In the wind of change.
Уште една песна за најмладите ги одбележа настапите на Заев во овој дел од кампањата
Премиер на Република Северна Македонија –Некои ме викаат зајче. Нема проблем. Викаа едно зајче рипка од таму до таму. На крајот ја пееја зајченце миличко зајченце сивичко.
И тука продолжува дел од песната
Зајченце миличко зајченце сивичко заврти се заврти одврти се одврти.

Песни во кампања

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.