Златко Калински, кралот на македонското спортско коментаторство, заминува во пензија

„Гетлин како темпирана бомба, Болт добро стартуваше, Болт има мала предност. Гетлин сега забрзува. Кој ќе биде побрз? Бооолт. 9.79. Кралот останува крал….

Златко Калински е кралот на македонското спортско коментаторство

На крајот од вчерашното полуфинале во Лигата на шампионите, во свој стил, најави дека заминува во пензија

„Ете драги гледачи со тоа полека го завршуваме преносот од Висенте Калдерон, а јас со посебно чувство ги завршувам, ги одработувам овие последни моменти. По 42 години работа во МРТВ, ова се последните слики од една би рекол долга професионална трка.“

Во коментаторските води впливал на натпреварот Тетекс – Дубочица во 1977 година

Од тогаш, во стил на шаховски велемајстор ја водеше публиката во преку 2.100 спортски преноси

Направи слалом низ олимпијади, светски превенства, НБА финалиња…

„Околу 120 земји на над 20 јазика го пренесуваат овој навистина голем спортски спектакл, еден од најголемите што постои на земјината топка.“

Беше гласноговорник на многу успеси на македонските спортисти

„Гооооол. Брависимо Горан Пандев

Радувајте се драги гледачи! Слушнете го ова ехо од Градскиот парк што оди до небо. Зарем е ова можно?“

Стана легенда на социјалните мрежи кога со Дарко Панчев го коментираа Светското првенство во фудбал во 2014.

Покрената е петиција Калински да го коментира и финалето од Лигата на шампионите

Останува да видиме дали поетот од коментаторската кабина уште еднаш ќе го каже последното ЗБОГУМ.

„Драги гледачи Ви благодарам на поддршката низ сите овие години. ЗБОГУМ. “

Златко Калински, кралот на македонското спортско коментаторство, заминува во пензија

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.