Младата сликарка Јована Велинова од Штип ја имаше првата изложба во Скопје.

Младата сликарка Јована Велинова од Штип ја имаше првата изложба во Скопје
Изложбата во Јавна соба беше посветена на процесот, размислувањата и потребата да се говори преку уметност

Насловена е „Retrospect-room“ затоа што ставени се дела претежно од моите денови од студии односно на студирање. Самиот прогрес на еден уметник се гледа таму. Значи, самите почетоци, како почнуваш да работиш, си ништо во тоа, се снаоѓаш, мислиш дека нема да можеш повеќе, Јована Велинова (уметница)
Ова е втора изложба на Велинова- првата беше во Штип
Вo Македонија уметноста сè уште е централизирана во главниот град

Тоа дека се централизира претежно во главниот град до некаде е вистина. Има многу повеќе публика, многу повеќе луѓе кои ги интересира тоа. Затоа во поголемите градови е многу подобро и полесно да се дојде до публика и да се каже она што сака да се каже, Јована Велинова (уметница)
Јована покрај класична уметност, работи и илустрации и стрипови
Следно подготвува изложба со илустрации и стрипови

Младата сликарка Јована Велинова од Штип ја имаше првата изложба во Скопје.

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.