Јавни набавки

Што се тоа јавни набавки?
Преку Јавните набавки државните органи, организации или институции набавуваат одредени стоки и услуги или отстапуваат изведување на јавни работи
Суштината на јавната набавка е овие органи кои се финансирани со пари на даночни обврзници да вршат набавка по најповолни услови и без злоупотреби
Притоа треба се користат јавни средства согласно одредбите од Законот за јавни набавки
Јавните набавки можат да бидат од помал и поголем обем
Преку нив можат да се набават елементарни производи, прехрана, пијалаци, но и да се изградат хидроцентрали, термоелектрани, болници, патишта…
Се реализираат преку надворешни комерцијални понудувачи
И тоа во неколку фази од утврдување на потребата за набавка, преку обезбедување средства за реализација, до избор на најповолен понудувач
Сепак, јавната набавка не завршува со изборот на најповолниот понудувач
Следува реализација на обврските и контрола на квалитетот
Право на учество во постапката за избор на најповолен понудувач имаат индивидуални или здружени понудувачи од земјата и странство
Единствено постои ограничување за економски оператори со негативни референци
Малите и средните претпријатија исто така здружено настапуваат на тендери од поголем обем
Понудувачот може да ги отстапи своите работи на подизведувачи
Подизведувачите му одговараат на понудувачот, а не на органот кој ја спроведува јавната набавка
При јавна набавка, органот кој ја спроведува ја оценува способноста на компанијата која се јавила како понудувач да го реализира она што се бара
Компанијата која се јавува на огласот поднесува и банкарска гаранција
Најдобрата понуда може да биде избрана и преку електронска аукција
Договорот за јавна набавка е од финансиски интерес и се склучува меѓу еден или повеќе договорни органи и еден или повеќе економски оператори
Постапката за прибирање понуди мора да биде транспарентна
Отворената постапка и постапката со прибирање на понуди каде сите заинтересирани изведувачи можат да достават понуда се најзастапени кај нас
Од неодамна најниската цена не е единствен критериум според кој се реализираат јавните набавки
Критериум е економски најповолната понуда
Тоа може да биде цената, трошокот или комбинација меѓу цената и квалитетот
Со новиот Закон за јавни набавки и планот и договорот за јавна набавка се објавуваат јавно
Наместо 500 сега 1000 евра е прагот за нешто да се третира како јавна набавка
Ефектот од спроведувањето на јавните набавки е неколкукратен
Се развива свеста кај граѓаните како се трошат нивните пари и овозможува нарачателите да добијат подобар квалитет за најниска можна цена
Се поттикнуваат пазарната економија и конкуренцијата
Како и производството и вработеноста
Економските оператори кои се јавиле на огласот треба да имаат еднаков третман со конкуренцијата и да имаат ист пристап до потребните информации
При спроведувањето на јавните набавки важно е да нема судир на интереси и одговорните да не дозволат да ги води личниот и финансискиот интерес
За развој на системот на јавни набавки и за транспарентноста се грижи Бирото за јавни набавки
Тоа е посредник меѓу договорните органи и економските оператори
Доколку одреден понудувач не е задоволен со исходот од јавната набавка има право на жалба
Жалбената постапка се води пред Државната комисија за жалби по јавни набавки
Против решението на Комисијата, може да се поведе постапка пред Управниот суд
Пред Вишиот управен суд може да се поднесе жалба за одлуката на Управниот суд 15 дена по приемот на одлуката
Вонреден правен лек предвидува жалба до Врховниот суд
Околу тоа дали се наменски или ненаменски потрошени јавните средства одлучува Државниот завод за ревизија

Јавни набавки

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.