Плетењето и природното боење во Јапонија е уметност

Хоко Такоро од Јапонија во Сули Ан во Скопје ги учеше учесниците за кумихимо и кусакизоме како дел од јапонската традиционална култура

Плетењето и природното боење не се само вештини
Во Јапонија тие се издигнати до ниво на уметност
Хоко Такоро од Јапонија 45 години предава кумихимо и кусакизоме како дел од јапонската традиционална култура
Што е кумихимо?
„Кумихимо е древна јапонска техника на плетење која датира од пред 1.500 години. Денес сме тука да ја одржиме оваа работилница да им го пренесам своето знаење на учесниците кои треба да заминат дома со своја рачно изработена нараквица“ , Хоко Такоро
Таа подучила околу 30.000 луѓе во повеќе од 20 земји низ светот
Токоро од 2002 година ја посетува Македонија за да одржи работилници
Во Сули Ан во Скопје два дена учесниците учеа да плетат и да бојат
„И самиот збор кога истражувавме за тоа кога видов кумихимо ми делуваше интересно и слушнав дека се работи за некоја работилница за ткаење. Бидејќи јас сум од уметничкото училиште Лазар Личеноски и работиме некои такви техники, сакав да пробам нешто ново бидејќи доаѓаат гости од Јапонија и сакавме да стекнеме нови искуства, да ја попримиме нивната култура“. Елена Билбиловска, учесник во работилницата за кумихимо.
Пред работилницата Токоро им го покажа наједноставниот начин на плетење
На учесниците на почетокот им беше тешко и неретко правеа грешки
„Ова е првата наједноставната техника. Значи постои можност да се работи со повеќе или помалку конци и ова е наједноставната. Вака делува едноставно и лесно за работа. Сега ќе ни ја покажат и потешката техника со повеќе конци па ќе видиме тоа како ќе биде, дали ќе го сфатиме полесно или потешко. Сакам да кажам дека е премногу интересно и сакам да си набавам и да си работам и дома“. Елена Билбиловска.
Сепак, по кратко време ги совладаа основите и секој си замина со рачно изработена нараквица
Токоро израснала во семејство чија специјалност била боење со природни материјали наречено кусакизоме
Индиго бојата била достапна само за аристократијата и потребни биле многу школки за да се добие еден грам
За време на Римската Империја само аристократите можеле да си ја дозволат
Во регионов таа боја станала достапна преку Лидија, првата христијанка која успеала да ја добие бојата од тревка

Плетењето и природното боење во Јапонија е уметност

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.