Работилница „Емоции за еден град“

Загадениот воздух ги гуши сите во Скопје, но го ослободува и уметничкиот дух

Графички дизајнери и артисти, инспирирани од аерозагадувањето, креираа дела кои беа изложени во Кафе Винил

„Љубовта не е во воздухот“ и „Чист воздух започнува тука“ беа само дел од пораките пренесени од работилницата „Емоции за еден град“

Изложбата беше продолжение на проектот на дизајнерот Горан Костовски – Индог

„Како студент на Горан Костовски – Ind.o.g. се случи ненадејно да направиме организација, односно работилница којашто не засега сите, а тоа е воздухот во нашиот град. Направивме дела, постери од микс од илустрација, фотографија и колаж. Со самото тоа да ја подигнеме свеста на народот, на луѓето, да почнат да се засегаат повеќе.“

Уметниците преку своите дела порачаа дека сите може да сонуваме за подобро утре

„Сакав да ги издвојам сите негативни работи, за лошите времиња, да не бидат заборавени кога ќе поминат лошите времиња. Денеска ние ги претставуваме визуелно, за да останат во свеста на луѓето подолго.“

Работилница „Емоции за еден град“

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.