Иван Иванов

„Бев успешен натпреварувач во екот на својата кариера и кога најмалку очекував ме бутна животот на колена. Доживеав страшна сообраќајна незгода во која што доживевав повеќе од 20 тешки фрактури. Животот ми висеше на конец.“

На 13 години за прв пат влегол во фитнес центар.

Започнал професионално да се натпреварува во периодот од 2015 до 2017

Станал апсолутен шампион на јуниори во Македонија, и своил прво место во тешка категорија во јуниори

Во 2017 година доживеал тешка несреќа со мотор

„ Бев седум дена во кома, не се знаеше дали ќе преживеам. Докторите не веруваа, сите мислеа дека ќе западнам во трауматолошки шок и дека ќе починам. “

Поминал два и пол месеци во болнички кревет со многу операции

Имал над 20 скршеници на рацете, нозете, колената, скочните зглобови, скинати нерви и тетиви

сето тоа како резултат на брзото возење

Докторите прогнозирале дека никогаш нема да застане на нозе

„ Ми беше кажано да заборавам на бодибилдингот како спорт. Mи беше кажано дека никогаш нема да бидам како што сум бил во животот. Но, секако не дозволив тоа да ме бутне на колена главата горе беше, дадов се од себе и уште во првите месеци кога јаs не можев да се движам, се грижеа други лица за мене во инвалидска количка додека бев. Me носеа во теретана, и давав се од себе да ги придвижам моите раце и нозе кои што навистина беа тешко повредени.

„ Прогнозите потоа беа дека десната нога наводно можно е да ја изгубам односно да ми биде ампутирана заради тоа што скочниот зглоб бил тотално уништен.“

Челичната волја го врати повторно на бодибилдингот

Има траен инвалидитет како потсетник на несреќата што се случила поради брзо
возење

„ Нажалост многу често ја губиме таа совест кога ќе седнеме зад воланот, без разлика дали е тоа на две тркла или на четири тркала, забораваме дек животот во еден миг може да го изгубиме“

„ Совесност во сообраќајот пред се. Помислете на вашите најблиски, помислете на вашите најмили, помислете на вашето здравје, на вашите функционални раце, нозе, на се околу вас. На животот околу вас. Не заборавајте, вдишете длабоко, не заборавајте дека сте живи и дека дишете. Не заборавајте дека тоа може да го изгубите за еден миг невнимание. “

Иван Иванов

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.