Искачување на Елбрус и Алпите

Планинарите Миленка, Васко и Христофор во хуманитарна мисија ќе искачат вкупно 11.983 метри на Елбрус и Алпите

Собираат по 2 денари од искачен метар за поддршка на семејствата со ретки болести

„И се роди идејата дека сепак може да направиме нешто повеќе, покрај ширењето на јавната свест, дека може некако да придонесеме и финансиски во делот на решавање на проблемите, за којшто самите немаат решение и им е потребна помош и од пошироката јавност.“ Миленка Шаровиќ (планинар)

Планираат да се искачат на Елбрус, Триглав, Пунта Пенија на Доломити, Цугшпиц, Алпшпиц и Гросглокнер

„За почеток, искачувањето на Елбрус во Русија го започнува Миленка на крај на јуни. Подоцна по нејзиното враќање, крајот на јули и почеток на август, група од 11 планинари заминуваме на Алпите.“ Христофор Саракинов (планинар)

Преку планинарскиот предизвик на Елбрус и Алпите сакаат да ја подигнат јавната свест

„Симболика доаѓа од таму што ние како планинари, високогорци, па и сите алпинисти коишто ги искачуваме тие високи врвови, излегуваме од една комфорна зона, во којашто се наоѓаме секојдневно. Со што би придонеле во подигнување на јавната свест на овие пациенти со ретки болести.“ Васко Русевски (планинар)

Здружението „Живот со предизвици“ 10 години ги искачува и надминува сите предизвици на пациентите со ретка болест

Годинава пружаат психолошка помош за пациентите и семејствата со ретки болести

„Во „Живот со предизвици“ имаме над 300 членови кои се директно поврзани со ретка болест, односно, се или родители или пациенти. Во последниве 10 години колку што постоиме, собравме многу проблеми, но и многу решенија од самите пациенти и родители. Затоа што, за ретките болести се сите индивидуални, сите се со различни предизвици и со различни проблеми кои треба да ги надминат.“ Весна Алексовска (претседателка на Здружението „Живот со предизвици“)

Искачување на Елбрус и Алпите

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.