Интервју: Венко Филипче

„Нема простор за паника. Работата е целосно под контрола, целосно сме посветени на решавање на овој проблем.“

Коронавирус – предизвик во 2020 година

ПРАШАЊЕ: Кои се првите симптоми на коронавирусот?

ИЗЈАВА
Станува збор за болест којашто многу наликува на обичниот грип, на респираторна болест, на горните респираторни патишта. Многу е неспецифичен почетокот, со кашлица, со болка во грлото, со висока температурата. Нешто што е многу слично, на тоа што во многу земји во светот и кај нас се карактеризира со грип или како заболување на носот, грлото, нема некои специфични знаци. Болеста се дијагностицира точно, само после земениот брис, којшто укажува на тоа дека постои вирусот во организмот, а индикација за брисот се прави врз основа на контакт со лица за коишто знаеме, сме сигурни или се сомневаме дека можат да бидат заболени од коронавирусот.

ПРАШАЊЕ: Дали сите луѓе што ќе почувствуваат вакви симптоми треба да се обратат на доктор?

ИЗЈАВА

Доколку луѓето не биле во контакт со луѓе коишто биле во ризичните региони, или, со луѓе коишто сега знаеме дека се заболени со корона вирусот. Нема потреба да се јавуваат на епидемиолозите или во службата на „Државниот санитарен здравствен инспекторат“. Можат да се јават и кај нивните матични лекари да добијат совет.
Но, доколку има таков сомнеж, доколку тие луѓе дошле од ризичните региони и во меѓувреме развиле симптоми. Доколку знаат дека биле во контакт со некој заболен или притоа поминал период на изолација во којашто поминала инкубацијата и се развиле тие симптоми, мора најпрво да се јават на телефонските броеви коишто се јасно означени и ги дистрибуиравме насекаде во јавноста. На дежурните епидемиолози, коишто и во домашни услови ќе ги земат брисевите, ќе направат соодветна дијагностика и доколку болеста се потврди на соодветен начин, со посебно изолиран персонал, преку „Здравствениот дом – Скопје“, во посебно возило, ќе бидат транспортирани на „Клиниката за инфективни болести“, каде што ќе бидат личени во одделот за изолација.

ПРАШАЊЕ: Препорака до луѓето кои немаат никакви симптоми?

ИЗЈАВА

Нема никаква препорака за граѓанин којшто нема никакви симптоми, којшто не бил во контакт со заболени лица. Ние сме сега во фаза кога сè уште владее ендемскиот епидемискиот грип. Бројот на пациенти сега се намалува и очекуваме уште повеќе да се намалува во периодот што следи, со оглед на тоа што, како се зголемуваат температурите, се подобруваат временските услови, бројот на пациенти заболени се повеќе се намалува. И тоа е така историски, кривата на заболените пациенти, ги прати историските податоци наназад. Не постои никаков ризик, нема потреба од никакви мерки. Освен, мерките коишто редовно ги препорачуваме во однос на одржување на личната хигиена, пред сè често миење на рацете и дезинфекција.

ПРАШАЊЕ: Како се шири оваа болест?

ИЗЈАВА

Оваа болест се шири по капричен пат, тоа значи близок контакт со некое лице коешто е заболено, повеќе од 15-20 минути, на растојание помало од метар и пол е исклучително висок ризик, да некој пациент заболе. Понатаму, вирусот сигурно останува неколку часа на површината. Што значи дека и така нарачен феко-орален начин на ширење, со загадени, валкани раце може да предизвика заболување, односно, инфекција. Затоа, дистанца, самоизолација, кога знаеме дека некој бил во контакт со заболено лице, задолжително често миење на рацете и користење на алкохолот за чистење на рацете и дезинфекција е тоа што можат граѓаните да го прават , за да се спречи ширењето на болеста.

ПРАШАЊЕ: Што треба да прави секој којшто бил во ризичните региони во светот?

ИЗЈАВА

Ризичните земји се сега: Италија, Франција, Германија, понатаму, Кина и Јужна Короја. Секој којшто престојувал во некои од овие региони, меѓутоа и во земјите од средниот ризик, заради тоа што сè повеќе пациенти има во сè повеќе земји во Европа има повеќе пациенти и во нашите околни земји, треба да биде внимателен. Доколку бил во контакт со некој за којшто знае дека бил заболен, треба веднаш да алармира и тоа да го каже на здравствените власти, тука во „Државниот санитарен и здравствен инспекторат“ или во Епидемиолошката служба во рамки на „Институтот за јавно здравје“. Доколку постои таков сомнеж, тој човек треба да биде во домашна самоизолација.

ПРАШАЊЕ: Што значи самоизолација?

ИЗЈАВА

Тоа значи, дури и во домот, треба да биде поизолиран од неговите најблиски. Во една одвоена просторија, да внимава на приборот со којшто се јаде, понатаму, да се внимава со средствата со коишто се одржува лична хигиена. И тоа да трае во период од 14 дена. Заради тоа што, 14 дена е периодот на инкубација во коишто од првичниот контакт можат да се развијат симптоми на болеста. Внимавајте, не е гаранција, заради тоа што можеби и покрај тоа што бил некој во контакт не бил во непосредна близина или болеста не се пренела. Но, вакви мерки на внимателност, мора да постојат.
Во тој период од 14 дена, дури во моментот кога се развива болеста и ќе се манифестира после втората недела, човек може да е инфективен. Затоа се тие мерки на внимателност, за да не ја пренесе болеста на луѓето околу него.

ПРАШАЊЕ: Каква е постапката откако лицето заболено од коронавирус се излекува?

ИЗЈАВА
Кога човек ќе биде излечен, тогаш е дефинитивно излечен и исклучително е мал ризикот повторно да заболи. Има само неколку објавени случаи од Кина, коишто укажуваат на тоа дека има пациенти кои повторно заболеле. Но, контролниот брис, којшто се зема откако ќе поминат симптомите на болеста, којшто укажува на тоа дека вирусот веќе не е присутен во организмот и тој пациент повеќе не може да го пренесе, на луѓето околу себе. Којшто тест се повторува после 48 часа за да бидеме сигурни, значи, дека пациентот е целосно излекуван.
ПРАШАЊЕ: Кои се ричичните групи на граѓани?

ИЗЈАВА

Ризични групи се пациентите коишто имаат хронична болест, тие коишто имаат опструктивна болест на белите дробови, коишто имаат белодробни компликации на некои претходни заболувања. Сè што значи слабост на респираторниот систем, пред сè на белите дробови е состојба којашто може значајно да го комплицира текот на оваа болест, да се накалемат дополнителни компликации и манифестацијата на оваа болест да биде во форма на тешка клиничка слика, пациентите да бидат зависни од респираторна машина.

Прашање: Што може да очекуваат граѓаните после 14 дена откако ќе поминат мерките за превенција од ширење на коронавирусот?

ИЗЈАВА

Овој период од 14 дена е согласно со препораките на епидемиолозите за тоа колку трае инкубациониот период, согласно тоа, каде и во кој момент во државата се јавија заболени лица, во кој град беа лоцирани. Оваа мерка ќе биде на сила 14 дена согласно последниот дијагностициран пациент, а дали ќе се продолжи, зависи од тоа како ќе биде ситуацијата во меѓувреме. Дали ќе се јават нови заболени, во кој дел од државата ќе бидат, дали тие мерки можеби ќе се разгледат да бидат и понатаму на целата држава или пак, само во некои региони, динамички ја пратиме секојдневно ситуацијата и врз основа на тие податоци и случки, ги носиме одлуките.

ПРАШАЊЕ: Дали очекувате проблеми во приватниот и јавниот сектор предизвикани од мерките за превензија?

ИЗЈАВА
Знаете, ние го ставаме здравјето како приоритет. Ништо не вреди, ако го нема здравјето, во таа смисла, апелирам сите да се придржуваат до мерките коишто вчера ги препорача Владата. Да го организираат работниот процес, дури и доколку некој недостасува, односно, е на отсуство заради тоа што треба да води грижа за децата до 10 години. Заради тоа што, само така ќе можеме да го одржиме степенот на јано здравје, да немаме ширење на епидемијата, којашто може да има и други форми на последици.
Никој не смее да ја изгуби работата, ниту пак, да не му биди компензирано отсуството, согласно оваа мерка. Повторувам, и јавните институции, државните и приватните, мора да се придржуваат до овие мерки. Отсуството на работа на родителите, чиишто деца сега не одат во училиште или градинка до 10 годишна возраст, ќе бидат целосно компензирано од работодавачот, зарадио тоа што, здравјето е врвен приоритет.

ИЗЈАВА
Секој еден мора да е свесен дека јавното здравје е општ интерест на сите и врвен приоритет на нашето општество. Сите ние имаме обврска да го штитиме како сопственото, така и јавното здравје!

Интервју: Венко Филипче

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.