Индог

Мотивирачките и нестадардни илустрации се начинот на кој Горан Костовски – Индог коментира различни теми од општественoто живеење

Од 1998 до денес реализирал низа самостојни и групни изложби

Последната изложба “Емоции за еден град” како дел од платформата “Celebrate Life” се осврнува на енормното загадување на воздухот во Скопје

На оваа тема од за 4 години Горан создал околу 150 илустрации

30 од нив, инспирирани од реални случувања, до 29 Јануари ќе бидат изложени во галеријата “Акантус”

Поентата е преку изложбата да се поттикне свеста за животната средина и за загадувањето кое треба сите да не засега сакале ние да го прифатиме тоа или не. Илустрациите се многу поразлични од класичната илустрација која сме навикнале да ја гледаме. Тие се сечени баш по форма. Тип на илустрација која не се гледа баш често кај нас.

Горан е задоволен од импактот во општеството, илустрациите како универзален јазик сите го раазбираат

За теми за кои никој во минатото не зборувал, сега гледа реакција и желба за промена

А општеството секогаш ќе биде тема за нови цртежи и дизајни

Луѓето реалноста баш и не сакаат да ја примаат како што треба, но има супер фидбек барем за овие 20 години колку што јас сум присутен на оваа алтернативна сцена. Има негативни реакции има и добри, но мислам дека кај луѓето буди одредена емоција што е за мене навистина воодушевувачки.

Изложбата “Емоции за еден град” е поддржана од фондацијата Отворено општество-Македонија

Celebrate Life продолжува со исто темпо како платформа за дизајн на унисекс облека и мотивациони илустрации

Индог

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.