Иги Мен на 16 години беше препознаен од „Јамаха“ и стана нивно заштитно лице за Македонија

Игор Станоески познат како Иги Мен е виртуоз на гитара
На 16 години беше препознаен од „Јамаха“ и стана нивно заштитно лице за Македонија
За песната Red House имал и рецензија од сопственикот на светски познатата дискографска куќа „Алигатор Рекордс“
На натпреварот PlayCrossroads организиран од Ерик Клептон беше седми од 2.600 артисти
„Тоа беше онлајн натпревар, мојот пасворд беше „немам шанси“. Така што изненадувачки беше, меѓутоа за уметниците тие места коишто се 7,8, 1,2,3, најчесто немаат никаква улога. Битно е тоа кога човек ќе добие потврда за својот квалитет“, Игор Станоевски (Иги Мен)
Има настапувано и со гитаристот на Мајкл Џексон – Грег Рајт
Иги Мен е композитор, аранжер, текстописец, академски вајар, сликар, мултимедијалец и изработува гитари за своја намена
„Па не знам дали во нашава држава е само тешко, мислам дека глобално е тешко. Меѓутоа кога човек го сака тоа, ќе направи доволно компромиси за да не полуди колку и да се тешки условите,“ Игор Станоевски (Иги Мен)
На 30 мај, заедно со уметникот Трајче Павлов, ќе одржат изложба во Public Room.

Иги Мен на 16 години беше препознаен од „Јамаха“ и стана нивно заштитно лице за Македонија

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.