Ибадед Јашарова

Ибадед Јашарова (43) од Шуто Оризари живее со
двоен предизвик и двојна дискриминација

Се бори со болеста, но и со ограничената достапност до здравствените услуги

На Ибадет и е оневозможено остварување на уставно загарантираното право на здравствена заштита (Устав на Р.М, член 39)

Јашарова 35 години боледува од детска парализа

Нејзината здравствена состојба не и дозволува самата да се грижи за себе и да оди на редовни лекарски прегледи

Здравствените институции се недостапни за неа и поради недостиг на документи

Катастрофалните услови за живот се како сол на раната и на ситуацијата во која се наоѓа

Пристапот до куќата за амбулантни возила е речиси невозможен

И количките на Ибадет кои ги има добиено од донации се во лоша состојба

За да оди на лекарски прегледи во амбулантата во Шуто Оризари често пати ја носат и на раце

И тоа само навечер кога таму има дежурен доктор

Редовните термини за неа се недостапни бидејќи нема матичен лекар и лична карта на адресата на која живее

Не смеам. Немам мој личен доктор. Треба приватно 800 денари да плаќам. (6:06-6:14) Одам ме вадат. Вика не си пријавена. Со пари само. Тоа само навечер. Јас немам право денски затоа што сум велешанка.Одам во Велес дури. Си земам таблети, одам на доктор и одам.

Ибадет со семејството од Велес со семејството дошла во Шуто Оризари откако куќата им изгорела во пожар

Оттогаш живеат во импровизирани услови, а локалните власти немаат слух за нивните проблеми

Во надлежност на централната власт е да овозможи здравствени услуги без дискриминација

Ибадед Јашарова

Add comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.